Ревизијата со посебен акцент на дозволеноста на ревизијата

Belovski, Vojo (2014) Ревизијата со посебен акцент на дозволеноста на ревизијата. Зборник на трудови од Прва меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, 1 (1). pp. 34-56. ISSN 978-608-244-129-0

[thumbnail of Ревизија со посебен акцент на дозволеноста на ревизијата.pdf]
Preview
Text
Ревизија со посебен акцент на дозволеноста на ревизијата.pdf

Download (479kB) | Preview

Abstract

Ревизијата е правен лек што можат да го користат странките во парничната постапка, првенствено со цел да обезбедат материјалноправна и процесноправна законитост на судската одлука во конкретен предмет.
Ревизијата и повторувањето на постапка како вонредни правни лекови преставуват за странката едно правно средство повеќе во нејзиното настојување да постигне заштита на своите права или да се одбрани од неоснованите претензии на другата странка.
Против правосилна пресуда донесена во втор степен странките можат да изјават ревизија во рок од 30 дена од денот на доставување на пресудата. Значи, основното правило во поглед на дозволеноста на ревизијата е дека странките можат да изјавуват ревизија само против правосилна пресуда донесена во втор степен. Ревизија не може да се изјави против пресуда на суд од прв степен и кога таа станала правосилна. Постои двојно ограничување за изјавување на ревизија: со оглед на вредноста на спорот и само со оглед на видот на спорот.
Ревизија може да се изјави само поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка и погрешна примена на материјалното право. Ревизија не може да се изјави поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка сосотојба. Изјавувањето на ревизијата поради суштествена повреда на одредбите на парничната постапка е ограничено. Постапката во врска со изјавената ревизија е слична како и постапката по жалба. За ревизијата одлучува Врховниот суд на РМ (ревизискиот суд) во совет составен од пет судии и тоа без расправа.
Поднесената ревизија не го задржува извршувањето на правосилната пресуда против која е изјавена.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Vojo Belovski
Date Deposited: 12 Feb 2015 09:21
Last Modified: 04 Aug 2015 09:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12643

Actions (login required)

View Item View Item