Koceva, Daniela (2010) Разликите во образовните постигнувања по етничка основа кај учениците во основните училишта во општина Штип, Кочани и Радовиш. Masters thesis, Универзитет„ Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Филозофски факултет.
Preview |
Text
Magisterska prv del.pdf Download (252kB) | Preview |
Abstract
Да се пишува за образованието, како еден од непроценливите фактори за развојот на личноста и општеството во целина, за мене претставуваше научен предизвик. Образованието претставува комплексен и мошне актуелен проблем, кој е од витално значење за социјалниот развој. Посебно, основното образование кое претставува темел за доживотно учење на кое се надоградуваат натамошните нивоа и видови образование.
Самото основно образование е детерминирано од многу фактори, услови и односи кои се динамични, менливи, развојни, па затоа и потребата од нивно постојано следење и проучување е неминовна.
Република Македонија како мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, преку својата легислатива, им обезбедува остварување, како на индивидуалните така и на колективните права на етничките заедници. Во тој корпус на етнички права спаѓа и правото на образование на етничките заедници. Но, и покрај тоа што легислативата нуди нормални предуслови за образование на етничките заедници, во РМ понатаму нема нивна задоволителна вклученост во образовниот систем, и онаму каде што се застапени, нивните постигнувања се на многу ниско ниво. Оттука се појави инспирацијата и идејата за изработка на труд со тема: „Разлики во образовните постигнувања по етничка основа кај учениците во основните училишта во општина Штип, Кочани и Радовиш“, се со цел, да се испита дали постојат разлики во образовните постигнувања кај учениците по етничка основа како и комплетно да се истражат и научно анализираат факторите кои влијаат врз нивните образовни постигнувања.
Трудот претставува еден вид на согледување и предочување на факторите кои влијаат врз квалитетот на образовните постигнувања кај учениците од различна етничка припадност.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 12 Feb 2015 09:27 |
Last Modified: | 12 Feb 2015 09:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12640 |
Actions (login required)
View Item |