Koceva, Daniela (2014) Социологија на религијата - практикум. ISBN 978-608-244-121-4.
Full text not available from this repository.Abstract
Практикумот „Социологија на религијата“ е подготвен за да им помогне на студентите за сеопфатно запознавање со предметот, целите, задачите, основните поими и содржини по предметите: Религиски системи, Верските заедници во Република Македонија, Религиите во Македонија, Историја на религии. Во структурата и обемот го следи наставниот план и содржините од гореспоменатите предметни програми што ги изучуваат студентите од насоките: Одделенска настава, Предучилишно воспитување, Историја со археологија, Педагогија и студентите од Класично сликарство при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Преку користењето на овој практикум, студентите, за време на вежбите ќе можат сестрано да ја воочат потребата за активно запознавање со религијата, општеството и религиозноста, како и конструктивното користење на инструментите за мерење на религиозноста. При решавањето на зададените задачи, студентите ќе имаат можност да ги систематизираат, продлабочат и творечки применат стекнатите знаења, но и да побараат нови извори на сознанија и да се оспособат за самостојна истражувачка работа.
Задачите во Практикумот се составени така што од студентите се бара креативен осврт и широко познавање за религијата и општеството. Изучувањето на предметните содржини, кај студентите ќе придонесе за развој на способностите за прифаќање и почитување на разликите меѓу луѓето и нивната различна конфесионална припадност. Тоа ќе овозможи, кај студентите да се развијат вештини за дијалог, толеранција, почитување и кооперативност со другите, како и чувства на солидарност и хуманост.
Практикумот може корисно да им послужи и на сите фактори кои се вклучени во осмислувањето и реализирањето на религиското образование.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 12 Feb 2015 09:32 |
Last Modified: | 07 Apr 2015 14:09 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12639 |
Actions (login required)
View Item |