Radeska, Ana (2011) Генетски дентални абнормалности. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип, 13. pp. 26-27. ISSN 1857-5994
Preview |
Text
medikus 13 2011.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
Ana Radeska tema.pdf Download (414kB) | Preview |
Abstract
Медицинската генетика е гранка која го проучува наследувањето кај човекот.Медицинската генетика се занимава со проучување на сличностите и разликите меѓу единки од ист вид, помеѓу родители и деца, како и помеѓу деца на исти родители. Секој жив организам се развива под влијанието на неговите наследни фактори– генотипот и факторите на надворешната средина во која организмот се развива. Под влијание на тоа содејство, се развива фенотипот, кој претставува збир на структурни и функционални особини на организмот и кој перманентно се менува во текот на развојот и растот. Фенотипот може да се менува под влијание на надворешната средина, промената на генотипот и комбинираните промени на двете групи фактори.
Со многу досегашни испитувања и опсервации е откриено дека наследноста игра важна улога во етиологијата на многу различни аномалии на забите како и малоклузии, особено кај II и III класа по Angle. Неправилностите на забите кои се смета дека се асоцирани со наследноста се: хиподонција(hypodontia), хипердонција(hyperdontia), малоклузија II класа, малоклузија III класа. (1)
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ana Radeska-Panovska |
Date Deposited: | 10 Feb 2015 15:06 |
Last Modified: | 07 Aug 2015 06:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12613 |
Actions (login required)
View Item |