Улога на мануелната терапија во рехабилитација на лумбален синдром

Siskoski, Mihail (2015) Улога на мануелната терапија во рехабилитација на лумбален синдром. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Михаил Шишкоски.pdf]
Preview
Text
Михаил Шишкоски.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Лумбосакралниот дел од грбот и долните екстремитети генерално се гледаат како два изолирани региони, сепак, постојат многу автори кои веруваат дека овие два региона се функционално поврзани. Ова се должи на двата региони кои се поврзани едни со други преку кинематички синџир на долните екстремитети. Лумбалениот дел од 'рбетот е врската помеѓу долните екстремитети и трупот и игра значајна улога во трансферот на силите низ телото преку кинематичкиот синџир.
Лубалниот дел од ’рбетниот столб представува завршен дел од осовинскиот скелет и има различни функции во организмот. Така да основната улога на овај дел од ’рбетниот столб е да го држи стабилен, и да ја носи тежината на горниот дел од телото која што рамномерно ја пренесува на карличниот појас и долните екстремитети, а зголемената површина на пршлените е во функција на подносување и амортизација на што поголемо статичко оптеретување. Бидејќи на овој дел од ’рбетот нема припојани ребра, лумбалната регија има релативно широк обем на движење. Од друга страна, лумбалниот дел на ’рбетот служи за сместување на cauda equina како завршен дел на ’рбетниот мозок од која што излегуваат нерви кои ја инервираат лумбалната регија и долните екстремитети.
Како што веќе споменавме дека пршлените во лумбалниот дел од ’рбетниот столб се со зголемена површина и најподвижни, исто така и оптеретувањето на нив е најголемо. Како резултат на тоа и најчестите болки и проблеми кои што се поврзани со ’рбетниот столб се наоѓаат во лумбаната регија. Неправилното држење на телото, зголеменото статично оптоварување, мускулниот хипертонус и функционалните блокади предизвикуваат ограничување на движењета во лумбалната регија кои се придружени со болка која што може да иридира до колковите и по должината на долните екстремитети.
Предмет на оваа студија се 39 индивидуи кои се лекувани и испитувани (24 мажи и 15 жени) со симптоми на болка и функционална блокада во лумбосакралната област. Добиените резултати од спроведената мануелна
4
тарапија укажуваат дека нашата предложена метода на лечење помага за деблокирање на пршлените во лумбосакралната област, совладување на балансот помеѓу статичната и динамичната мускулатура, како и за симетричноста во оптеретувањето на долните екстемитети, за нормализирање на одењето и стоењето, за излекување на спонатанта болка и болката која е провоцирана во тригер точките во лумбосакралната мускулатура.
Клучни зборови : болка, кинезитерапија, хипертонус, блокада, мобилизација
Цел на истажувањето: Целта на специјалистичкиот труд е да ги проучиме методите и ефектите на мануелната терапија кај пациенти со хронична болка во лумбалниот дел.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 10 Feb 2015 15:00
Last Modified: 10 Feb 2015 15:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12580

Actions (login required)

View Item View Item