Метеорологија

Kukutanov, Risto (2014) Метеорологија. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. ISBN 978-608-244-109-2

[thumbnail of meteorologija - ucebnik.pdf]
Preview
Text
meteorologija - ucebnik.pdf

Download (15MB) | Preview

Abstract

Метеорологија е физичка наука која ги опишува, проучува и прогнозира времето и климата на Земјата.
Проучувањето на времето и климата е важно за сите подрачја на човековата дејност, а посебно во земјоделството, шумарството, водостопанството,електростопанството, градежништвото, копнениот и воздушен промет,туризмот и одбраната на земјата. Таа е применета наука која стекнатите знаења ги применува во секојдневниот живот на луѓето. Времето, климата и водите имаат влијание врз речиси
сите социоекономски сектори.Метеорологијата има огромно значење во земјоделството, со што овозможува предвремено дознавање на климатските услови како што се: температура на воздухот, температура на почвата, врнежливи периоди, сушни
периоди итн. Од таа причина сè поголемо внимание ќе се обрнува на промовирањето на примената на метеоролошките, климатолошките, хидролошките и океанографските информации во повеќето гранки на човечката активност во светски рамки.
Во таа насока, точните опсервации, слободната и навремена размена на информации за времето, како и сè поточната прогноза добиена од математичките модели засновани на физичките закони кои владеат во атмосферата, сè повеќе ќе
бидат од суштествено значење за животот на луѓето на планетата Земја. Во текот на 20. век автоматското и висинското мерење станале составен дел на глобалниот мерен систем. Автоматското мерење во широка смисла претставуваат севкупните мерења кои се извршуваат од страна на автоматски
системи без директно учество од страна на човечкиот фактор.
Меѓутоа, во метеоролошката практика под поимот автоматско мерење се подразбира мерењето од страна на метеоролоските станици. Под висинско мерење, пак, се подразбира слободниот простор во атмосферата помеѓу стационарните уреди на земјата (радар за уредување на сферите) инструменти и
системи во атмосферата, авиони, балони или ракети (метеорографи радио-сонди на авионот), како и инструменти на вештачки метеоролоски сателити за земјата.
Сите овие мерења временски и просторно се многустрани, наспроти оние кои се спроведуваат на приземните метеоролошки станици, а некои од овие мерења служат за истражувања. Основна цел на овој учебник е подигање на нивото на образованието, техничката култура и унапредување на земјоделското производство.
Авторот ќе биде задоволен и среќен ако учебникот послужи за целта, а благодарен на сугестиите и добронамерните препораки од корисниците.

Item Type: Book
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Atanasova
Date Deposited: 09 Feb 2015 14:33
Last Modified: 09 Feb 2015 14:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12575

Actions (login required)

View Item View Item