Stojkova, Vesna (2015) Рехабилитација на деформитети на стапала кај пациенти во детска возраст. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
1399196462686-Весна Стојкова - специјалистички труд.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Промените на стапалата се помеѓу првите нешта кои ги забележуваат родителите и најблиските кај новороденчињата.Тоа е разбирливо бидејќи овие промени се лесно видливи и забележливи.
Положбата на стапалата на новороденчињата најчесто е резултат на положбата на бебето во матката. Таа положба продолжува и по раѓањето така што стапалата постепено ја добиваат својата нормалана положба во однос на потколениците. Најчесто, корекцијата на стапалата настапува спонтано и веќе кон крајот на првите шест недели од животот на бебето таа потполно се нормализира. Меѓутоа, во некои случаи кога долните екстеремитети на детето биле екстремно притиснати во некоја неприродна положба, периодот на нормализација на стапалата може да трае и подолго.
Доколку новороденото при раѓање има ваква екстремно променета положба на стапалата, родителите се советуваат редовно да спроведуваат вежби на стапалата со кои се овозможува побрза и полесна корекција. Корективните вежби на стапалата се изведуваат неколку пати на ден, тогаш кога бебето е релаксирано и без примена на сила. Нивна цел е да се искористи периодот на зголемена еластичност на структурите на стапалото, пред сè, лигаментите и мускулите и да се постигне максимален ефект во што пократок период. Со редовно вежбање, стапалата брзо и лесно заземаат нормална положба.
За разлика од промените на стапалата кои се резултат на нивната положба во матката и кои релативно брзо и лесно се коригираат, стапалото претставува дел од телото кај кој се јавува чести аномалии. Овие аномалии се резултат на вродени промени на скелетот, мускулите и нервите на стапалото и претставуваат сериозен проблем кој мора да се лекува. Една од најчестите промени на стапалото е вродено криво стапало. Оваа аномалија е една од најчестите аномалии на мускуло-скелетниот систем, и секако најлесно видлива. Неприродната положба е лесно забележлива исто како и фактот дека со обидот за мануелна корекција на ваквите стапала не се успева да се постигне нивна нормализација. Со други зборови, такапроменетите стапала се нееластични, тие се ригидни и за нивната корекција е потребно сериозно лекување.
Предмет на овој труд се 12 испитаника на возраст до 12 год.
Добиените резултати демонстрираат нормализирање на нарушените функции на стапалото, зголемување на обемот на движење, корекција на деформитетот, намалување на болковата симптоматика.
Клучни зборови:вежби, аномалии,движење, корекција,положба.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 10 Feb 2015 10:28 |
Last Modified: | 10 Feb 2015 10:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12561 |
Actions (login required)
View Item |