Потребата од воспоставување на рамнотежа меѓу двете струења врз македонскиот јазик

Kuzmanovska, Dragana and Nicheva, Vesna (2014) Потребата од воспоставување на рамнотежа меѓу двете струења врз македонскиот јазик. In: Научни скуп: Наука и глобализација, 17–19 May 2013, Пале, Источно Сарајево, Република Српска.

[thumbnail of ilovepdf.com (1).pdf]
Preview
Text
ilovepdf.com (1).pdf

Download (862kB) | Preview

Abstract

Промените што се случуваат во едно општество секогаш се одразуваат на јазикот како жива материја во една средина. А, таа жива материја подлежи на промени кои настануваат како резултат на процесот на глобализацијата во светот. Во процесот на глобализацијата несомнено доаѓа до претопување на јазичната и на културната разнообразност на народите. Не зборуваме за пуристички однос кон интернационалната лексика, но, исто така, ниту за апсолутна отвореност кон туѓата лексика. Неопходна е грижата за македонскиот јазик во сите области и, секако, јакнењето на јазичната свест. Со анализата на сите аспекти на употребата на англицизмите и германизмите во македонскиот јазик можеме да проникнеме во видот и обемот на влијанието на англискиот и германскиот јазик врз македонскиот како културен и лингвистички феномен. Јасно е дека светскиот процес на глобализацијата и многубројните промени на светско ниво се одразуваат и оставаат белег на сите сегменти на едно општество и културата, меѓу кои и јазикот, кој е подложен на измени. Но, треба да имаме на ум дека јазикот претставува идентитет и културно обележје на еден народ и неопходно е да се негува и правилно да се употребува ако сакаме да го зачуваме.

Клучни зборови: глобализација, англицизми, германизми, културен и лингвистички феномен.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Dragana Kuzmanovska
Date Deposited: 09 Feb 2015 14:45
Last Modified: 09 Feb 2015 14:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12554

Actions (login required)

View Item View Item