Barbareev, Kiril (2014) (Ре)формите во воспитно-образовниот систем на Република Македонија. In: Реформите во воспитно-образовниот систем, 15 May 2014, Skopje, Macedonia. (Unpublished)
Preview |
Text
Реформите во ВОСМ.pdf Download (732kB) | Preview |
Preview |
Text
Agenda-Denovi na pedagogija 2014.pdf Download (476kB) | Preview |
Abstract
Педагогијата како никогаш досега не била толку одвоена од општествените односи и воопшто од животот на децата, учениците и студентите. Па дури и тогаш кога се чинело дека се наоѓа на маргините на општествените случувања. Целите на воспитанието и образованието имаат смисла само тогаш кога се општообврзувачки, тоа значи да зависат и да бидат поврзани со чистите теориски науки како што се логиката, етиката и естетиката. Антрополошката, етичката и длабоката духовна смисла се во коренот на воспитанието и образованието. Сите реформи кои не го почитувале овој принцип, пропаднале. Затоа клучот на успехот е човекот (учителот, наставникот, професорот) и неговата средба со детето, ученикот односно студентот.
Еден од проблемите на пристапот на реформите во воспитно-образовниот систем на РМ е што не се темели на овие дисциплини и принципи, не се темели на оваа смисла, нема филозофско и педагошко потекло. Темелот на реформите се политичкиот прагматизам, опортунизам и ефемерно поставените цели. Последицата од тие образовни политики се: пренесување и наметнување од други образовни системи различни програми, прописи, мерења, тестирања, рангирања и стандардизирање на институционално и национално ниво што веќе сите нас (учениците, учителите, професорите, родителите), не доведува пред „јапонскиот синдром“ – форсирање на натпреварувачкиот дух заборавајќи при тоа дека тоа е првиот принцип на војна во свеста на човекот, наместо развивање на рефлексивно и креативно размислување. Од друга страна пак, на педагогијата и педагозите и се упатуваат и бројни приговори дека не е во состојба да ги реши проблемите на воспитно-образовниот систем препуштајќи и да се занимаваат со ексцесните појави во училницата и училиштата. Од педагогијата не се очекува, а притоа и таа самата се однесува инфериорно да се бави со темелните прашања како општествена и хуманистичка сила која мора да ги подготви релевантните претпоставки во донесувањето на квалитетни образовни политики.
Клучни зборови: реформи, воспитно-образовен систем, педагогија, образовни политики.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Kiril Barbareev |
Date Deposited: | 09 Feb 2015 10:26 |
Last Modified: | 04 Aug 2015 09:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12430 |
Actions (login required)
View Item |