Студентка на Музичката академија настапи на „Младите уметници во чест на Зографски“

31.10.2014

Бисера Иванова, студентка на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип оствари одличен настап на концерт посветен на творештвото на македонскиот композитор Томислав Зографски. Концертот насловен „Младите уметници во чест на Зографски“ се одржа на 24 октомври, во рамките на фестивалот „Златна лира“ во Скопје, со цел да се одбележи 70-годишнината од раѓањето на овој голем македонски композитор. На концертот, по покана од г-ѓа Панда Зографска, сопруга на починатиот композитор, настапија девет реномирани млади македонски уметници. Бисера Иванова ги изведе Минијатурите оп.6 за соло пијано од Зографски, со изведба која е оценета како самоуверена, прецизна и со јасно изградена музичка архитектура. Таа во моментов е на постдипломски студии, а дипломираше во класата по пијано на проф. д-р Милица Шкариќ со просек 9,90.

Подготовки за годишниот концерт