Mircovski, Vojo and Ristevski, Peco and Petrov, Gose and Dimov, Gorgi (2014) Хидрогеолошки истражувања на локалитетoт Чепигово за водоснабдување на град Прилеп. In: VII Стручно советување со меѓународно учество Подекс – Повекс ‟14, 14-15 Nov 2014, Radovis, Macedonia.
Preview |
Text
Trud za Gose.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Пелагониската неогена депресија изградена е од неогени и квартарни
седименти. Дебелината на седиментите во Прилепскиот наоген басен е доста
прецизно дефинирана на база на геофизички истражни работи и голем број изведени
истражни дупнатини. Истражниот простор Чепигово е изграден од алувијални терасни
наслаги претставени од песокливо-чакалест материјал со прослојци од прашинести
песоци и чакали во поедини интервали, наталожени преку плиоценските седименти.
Алувијалните седименти се надупчени до длабочина од околу 40.0 m, а испод нив се
плиоценските седименти.
Од хидрогеолошки аспект, песокливо-чакалестите наслаги имаат интергрануларна
порозност, многу добра водопропусност и водоносност, и во нив е формиран збиен тип
на издан на подземна вода. Алувијалните седименти ги имаат следните ХГ
карактеристики: коефициент на филтрација од ранг на величина Kf = n×10-4 m/s,
трансмисивност T=500–1500 m2/ден, односно издашност на бинари Q=40.0–60.0 l/s.
q=5-10l/s/m’. Со изведбата на експлоатациониот бунар плиоценските седименти се
надупчени на длабина испод 40.0 m.
На основ на изведеното пробно црпење на бунарот ИЕБ–1, како и изведената
графоаналитичка анализа на резултатите од црпењето одредена е експлоатационата
издашност на бунарот, koja изнесува 50 l/s.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Gorgi Dimov |
Date Deposited: | 05 Feb 2015 10:21 |
Last Modified: | 05 Feb 2015 10:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12389 |
Actions (login required)
View Item |