Namicev, Petar and Namiceva, Ekaterina (2014) Просторни особености на традиционалната куќа во Штип во 19 и почетокот на 20 век. Зборник на трудови- Природни ресурси и технологии, Факултет за Природни и технички науки, 8 (8). pp. 127-138. ISSN 185-6966
Preview |
Text
940-1627-1-PB.pdf Download (967kB) | Preview |
Abstract
Просторната организација на куќата во Штип, според презентираните модели и просторни концепти, има голем број на типови на модели, кои се вбројуваат во најоригиналните архитектонски концепти на куќите во градовите во Македонија од 19 век.
Поделбата на просторот по вертикала куќата ја дефинира со простории за постојано користење, од економски карактер во приземјето и простории за престој и спиење на катот. Во приземјето покрај просториите за подготовка на храна може да се вклопи и дуќан, ориентиран кон улицата. Според презентираните просторни концепти на основата, на повеќе нивоа, можеме да констатираме функционална шема на куќата, која е поврзана и на повеќе нивоа, со пристапни влезови од две или повеќе страни, каде што е карактеристична примената на балкон.
Споменатите елементи на просторната концепција и структурата на куќата во Штип и аналогиите со другите соседни земји укажуваат на постигната функционална и конструктивна сложеност, која е резултат на искуството во приспособување на локацијата и градежните нормативи кои биле актуелни на поширокиот балкански простор. Просторната шема на куќата во Штип поседува доволно аргументи за да се категоризира во станбен простор со врвни квалитети и оригинални просторни шеми на објектите, во периодот на нивната изградба.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Petar Namicev |
Date Deposited: | 04 Feb 2015 13:26 |
Last Modified: | 04 Feb 2015 13:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12362 |
Actions (login required)
View Item |