Namicev, Petar and Namiceva, Ekaterina (2014) Традиционалните вредности на сокакот како урбан елемент на македонскиот град во 19 век. Зборник на трудови „Природни ресурси и технологии" на Факултет за природни и технички науки, 8 (8). pp. 115-126. ISSN 185-6966
Preview |
Text
934-1626-1-PB.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Урбаната форма на уличната и сообраќајна мрежа на градот во 19 век во Македонија се состои од приспособување и поврзување со постојните сообраќајници, од каде што се развивал целокупниот систем на улична мрежа. Во средиштето на урбаниот систем секогаш била поставена чаршијата како економски двигател, која просторно и функционално, во одредена радијална положба, ги соединува сите улици во една мрежа. Во просторот на сокакот најчесто покрај функцијата на комуникативен простор се надоврзуваат и одредени просторни елементи од куќата, кои просторно делуваат на збогатување на амбиенталната вредност. Во приоритетните зони според функционалните потреби се формираат средишен простор, кој се состои од јавен објект, сакрален објект и други урбани содржини кои го потенцираат значењето на просторот. Одредени историски јадра денес се сочувани во мал дел и на свој начин успеваат да се спротивстават на промените и трансформациите кои ги носи современиот урбанизам и начин на живеење. Потребно е да се одредат и заштитат одредени градителски и просторни јадра, каде што ќе се регулира користењето на јавниот простор, со одредени законски регулативи.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Petar Namicev |
Date Deposited: | 04 Feb 2015 13:25 |
Last Modified: | 04 Feb 2015 13:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12360 |
Actions (login required)
View Item |