Гарантните писма наспрема коносманите во транспортното право и практики

Tusevska, Borka (2014) Гарантните писма наспрема коносманите во транспортното право и практики. Годишен зборник на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип 2014 , 4 (4). pp. 77-93. ISSN 1857-8713

[thumbnail of Гаратните писма напрема коносманите во транспортнто право и практики.pdf]
Preview
Text
Гаратните писма напрема коносманите во транспортнто право и практики.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Предмет на истражување во овој труд претставува оправданоста на постоењето и употребата на „гарантните писма“ во меѓународниот транспорт на стоки. Во правната литература и во деловната практика гарантните писма најчесто се предмет на проучување во контекст на прашањето: колку често и во кој обем гарантните писма се толерираат во меѓународниот трансфер на стока?! Полемиките околу последново прашање се развиваат во кругот на практичари и теоретичари кои го застапуваат становиштето за неоправданоста на употребата на гарантните писма во трансферот на стоки. Нашата цел во истражувањето на ова проблематика, не е да ја оспориме оправданоста на гарантните писма, ниту un bloc да ја оправдаме нивната употреба, туку низ призмата на една сумарна теоретска анализа и неколку студии на случаи, да ја утврдиме нивната позиција vis-à-vis позицијата на коносманите како традиционално најексплоатирани правни инструменти во меѓународниот транспорт на стоки. Во одреден сегмент на ова проблематика сме работеле и порано, меѓутоа, стимулот да се вратиме повторно е резултат на најновиот бран на промени што ја зафати индустријата, и неизбежно се одрази на сите сегменти на кои се базира светската трговија, помеѓу кои значително е местото на меѓународниот транспорт на стоки. Во денешните/најсовремени услови на водење бизнис, процесот на глобализација, концентрацијата на капиталот во неколку носители на капитал/трговски друштва, брзиот технички-технолошки прогрес, експанзијата на ИТ индустријата, придонесе кон промени во транспортниот сектор. Под влијание на електронската комуникација, брзиот и масовен промет на стоки, зголемените потреби на потрошувачкиот сектор во глобални рамки, се создадоа нови правни инструменти во реализирањето на транспортните маршрути. Овие процеси го создадоа „гарантното писмо“ со привична замисла да дејствува како катализатор во реализацијата на зделките, меѓутоа, со недостатоци на кои инстантно укажаа промоторите на коносманите како најстабилни инструменти за реализирање на бизнис трансакциите. Во трудот, ќе ги согледаме предностите и слабостите во поглед на употребата на гарантните писма, иако нивната употреба е детерминирана од волјата на деловниот сектор и нивната перцепција за гарантните писма.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 03 Feb 2015 13:05
Last Modified: 06 Aug 2015 11:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12272

Actions (login required)

View Item View Item