Политика на девизен курс

Sajnoski, Krste and Boskov, Tatjana (2014) Политика на девизен курс. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-244-052-1

[thumbnail of Политика на девизен курс.pdf]
Preview
Text
Политика на девизен курс.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Девизното работење е значајна активност во секоја национална економија, особено за помалите земји, како што е Македонија. Проблематиката на девизното работење е определена од изборот на политиката на девизен курс која, пак, зависи од нивото на развиеноста на националната економија и од степенот на отвореноста спрема странските влијанија.
Од ова произлегува дека девизното работење не може да се сведе само на техника на извршување на плаќањата и трансферите по тековни и капитални трансакции. Техниката е определена со прописи и треба постојано да се следат промените со оглед на определбата за остварување на што поголема либерализација на надворешната трговија и плаќањата со странство и за намалување на обемот на заштитните мерки.
Во овој контекст авторите обработуваат неколку теми преку кои студентите ќе се стекнат со потемелни знаења од сферата на девизните курсеви и ќе се оспособат за поефикасно извршување на конкретните задачи од секторите за економски односи со странство. Ваквата цел, со право, очекуваат да ја постигнат, прво, преку разгледувањето на проблематиката на паритет на куповната моќ на парите и на паритетот на каматните стапки. Корисни сознанија студентите ќе стекнат и преку разгледувањето на Mundell-Fleming-овиот модел за врската меѓу номиналниот девизен курс и аутпутот, вклучувајќи ја и аргументацијата дека економијата не може истовремено да одржува фиксен девизен курс, слободно движење на капиталот и независна монетарна политика.
За успешно водење на девизните работи од посебно значење е и портфолио биланс пристапот на девизниот курс поради ефектите на разните средства (вклучувајќи и странски обврзници) при пазарни промени. Штом меѓународните инвеститори увидат дека определена валута станува поризична, тие најверојатно ќе ги реалоцираат нивните портфолио обврзници во корист на помалку ризични средства. Особено место во трудот им се посветува на детерминантите на режимот на девизен курс, како клучна институција во извршувањето на девизните работи. Притоа, потенцијалните извршители во секторите за девизно работење ќе стекнат свест за значењето за големината и интегрираноста на националната економија, за нивото на девизните резерви, за диверзификацијата и конкурентноста на домашното производство, за евроизацијата/доларизацијата на економијата и стабилноста на финансискиот систем.
Со обработката на споменатите теми, скриптата прави значаен чекор за потемелно запознавање на студентите со проблематиката на девизните курсеви (објаснувајќи ги причинско-последичните врски од нивните промени) и за надминување на рутинското гледање на девизното работење, само како техника на работење во секторите за односи со странство.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Tatjana Boskov
Date Deposited: 04 Feb 2015 10:36
Last Modified: 04 Feb 2015 10:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12263

Actions (login required)

View Item View Item