Практикум по биохемија за студентите на Земјоделски факултет - рецензиран практикум

Gulaboski, Rubin and Koleva Gudeva, Liljana and Balabanova, Biljana (2014) Практикум по биохемија за студентите на Земјоделски факултет - рецензиран практикум. ISBN 978-608-244-127-6.

Full text not available from this repository.

Abstract

Практикумот по Основи на биохемија за студентите од Земјоделски факултет е изготвен врз основа на повеќегодишното искуство на авторите во изведувањето на настава (предавања и вежби) за студентите на овој факултет. Биохемијата претставува експериментална наука и лабораториските вежби треба да овозможат и помогнат во подобро разбирање на основните концепти на биохемијата. На овој начин студентите добиваат претстава за начинот на работа и однесување во биохемиска лабораторија. Од почетокот на креирањето до денес се направени одредени измени во концептот на практикумот во согласност со наставната програма за предметот Основи на биохемија за студентите на Земјоделски факултет. Некои од вежбите се заменети со нови методологии на работа, додека повеќето вежби се исти, затоа што станува збор за стандардни методологии на работа. Експерименталните вежби што се претставени во овој (основен) курс по биохемија не отстапуваат по изборот од она што се работи и на светско ниво. Специфичноста на овој практикум е во тоа што во него се вклучени теми кои се потребни за студентите од Земјоделскиот факултет да ги надградат своите знаења стекнати по курсот на хемија и да ги добијат основите од органска хемија и биохемија.
Практикумот се состои од девет подглавја: 1. Вовед во лабораториска работа; 2. Раствори и својства на раствори; 3. Минерални елементи и микроелементи; 4. Јаглехидрати; 5. Липиди; 6. Витамини; 7. Протеини; 8 Ензими; 9. Сепаратни техники во биохемијата. Според наведените поглавја, концепирани се дванаесет лабораториски вежби за квалитативно докажување и испитување на хемиските особини на погоре споменатите биополимери.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Biological sciences
Natural sciences > Chemical sciences
Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Balabanova
Date Deposited: 03 Feb 2015 09:06
Last Modified: 07 Apr 2015 13:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12259

Actions (login required)

View Item View Item