Gulaboski, Rubin and Koleva Gudeva, Liljana and Balabanova, Biljana (2014) Основи на биохемија за студентите на Земјоделски факултет - рецензирана скрипта. ISBN 978-608-244-126-9.
Full text not available from this repository.Abstract
Биохемијата е наука што се занимава со проучување на хемискиот состав на клетките, ткивата и организмите како целина. Таа ја проучува и физичко-хемиската структура и функција на организмите, природата, карактерот и организацијата на биосинтезата, трансформацијата и разложувањето на биополимерите. Од друга страна, биохемијата ја проучува енергетиката на споменатите процеси. Севкупноста на овие појави и промени може да се дефинира како биолошка размена на материи (метаболизам), а што како посебна форма на движење на материјата и енергијата, ја претставуваат основата на живата материја. Многу хемиски процеси што се одвиваат во човечкиот организам се сретнуваат и во организмите на другите живи суштества.
Целта на оваа рецензирана скрипта е да се опишат основите на погоре наведените процеси, како и запознавање на студентите на Земјоделскиот факултет со основната градба и функции на основните биополимерни молекули. Постигнатите знаења од хемија, студентите ги надградуваат со запознавање на основите на биохемијата. Биохемијата ги повлекува главните подрачја на истражување од многу дисциплини – од органската хемија која ги опишува својствата на биомолекулите; од физичката хемија која ги опишува физичко-хемиските закони за движењето на материјата; од биологијата која ги опишува биолошките закони кои се однесуваат на високоорганизирана материја; од биофизиката која користи физички техники за да се разберат процесите на молекуларно ниво. Од друга страна, повеќенасочни се врските на биохемијата со другите дисциплини, чија база во голем дел ја претставуваат.
На овој начин, јасно се истакнува применливоста на оваа рецензирана скрипта во повеќе дисциплинарни области, со цел студентите од Земјоделскиот факултет и другите сродни факулети кои ја изучуваат оваа област да се стекнат со знаење за основите на биохемијата.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Biological sciences Natural sciences > Chemical sciences Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Biljana Balabanova |
Date Deposited: | 03 Feb 2015 09:05 |
Last Modified: | 07 Apr 2015 13:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12258 |
Actions (login required)
View Item |