Биофизика - скрипта

Stojanovska, Zdenka (2014) Биофизика - скрипта. ISBN 978-608-244-111-5.

[thumbnail of Биофизка e biblioteka zakacena.pdf] Text
Биофизка e biblioteka zakacena.pdf
Restricted to Repository staff only

Download (9MB) | Request a copy

Abstract

Медицинските науки и медицинската пракса се карактеризираат со
интердисциплинарност, која речиси во сите области бара сериозен тимски пристап. Во
денешно време, тешко е да се замисли современата медицина без: методите за сликање,
микроскопирањето, ласерите, како и примената на јонизирачките зрачења во
дијагностиката и терапијата. Во текот на проучувањето на функциите на органите и
системите во човечкото тело неопходни се познавања и на физичките закони. Физиката
како наука заснована врз теоријата и експериментите е моќен метод за проучување на
физиолошките процеси. Исто така, за проучувањето на ефектите врз организмот од
различните природни и вештачки причинители кои се од особен значење во
дијагностиката, терапијата и хигиената, неопходно е добро познавање на физиката. Од
тука призлегува и се развива нова област на применетата физика: биофизика.
Оваа скрипта е прирачник за реализација на наставната програма по „Биофизика”
предвидена за студентите по Општа медицина, како и за студентите од другите студиски
групи на Факултетот за медицински науки при УГД Штип.
Скриптата е составена од 56 наставни едници систематизирани во седум главни
теми. Во првата тема „Биомеханика” се опфатени движењата, причините за движењата и
енергијата. Разработени се силите, кои дејствуваат врз човекот во гравитационо поле, како
и ефектите што ги предизвикуваат. Понатаму следи темата „Механички осцилации и
бранови”, во која е претставен процесот на создавање на осцилации и бранови, како и
нивните физичаки карактеристики. Во овој дел се обработува и звукот преку неговите
физички и физиолошки карактеристики. Процесот на слушање, биолошките ефекти, како
и примената на звукот и ултразвукот во медицината. Третата тема „Биомеханика на
флуиди” ги објаснува физичките законитости поврзани со хидростатиката и
хидродинамиката на идеалните течности. Потоа, законитостите се применети во
објаснувањето на реалните течности, односно за циркулација на крвта низ
кардиоваскуларниот систем. Во оваа тема, се објаснети и површинските ефекти кои се
јавуваат на граница меѓу различни средини. Следната, четвртата тема: „Термодинамика и
Транспортни процеси” ги разработува начините на преност на топлина и супстанца од
физички аспект, а потоа и кај човечкиот организам. На едноставен начин е прикажан
преносот на супстанца низ клеточна мембрана. Петтата тема: „Електрични и магнетни
појави” ги објаснува законитостите кои владеат во електрично и магнетно поле. Начинот
на создавање на биопотенцијалите, нивното мерење како основа на функционалната
медицинска дијагностика се исто така објаснети во согласност со предзнаењата на
студентите. Обработена е и темата за примената на правата и наизменична струја во
медицинската електротерапија. Во шестата тема „Светлина”, дадени се физичките основи
и се објаснети: процесот на гледање, оптичките недостатоци на окото, како и начинот на
нивната корекција. Во овој дел се обработени и електромагнетните бранови од оптичката
област, како и нивната примена во медицината. Објаснет е принципот на работа на ласерет
како моќна алатка во современата медицина. Во последната, седма тема, „Јонизирачко
зрачење”, се систематизирани видовите, начините на интеракција и биолошките ефекти од
јонизирачкото зрачење. Во овој дел се детално разработени и физичките основи на
рендгенската и радионуклидната дијагностика и радиотерапија.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Physical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Zdenka Stojanovska
Date Deposited: 03 Feb 2015 08:54
Last Modified: 03 Feb 2015 08:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12232

Actions (login required)

View Item View Item