Milosev, Vladimir and Miloseva, Lence (2014) Рехабилитација на пациенти со тумори на глава и врат. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип, 9 (21). pp. 25-27. ISSN 1857-5994
Preview |
Text
medicus 21 Milosev & Miloseva.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Во зависност од хистолошкиот тип, преку 95 % од малигните тумори на глава и врат ги сочинуваат планоцелуларните карциноми на горниот дел на респираторниот и дигестивниот систем. Кога зборуваме за тумори на глава и врат, воглавно се мисли на планоцелуларен карцином (pcc).
На одделението за максилофацијална хирургија во Клиничка болница, Штип хируршката терапија е основна терапија на сите интраорални карциноми кај кои не постои контраиндикација за операција. За реконструкција се применуваат локални, регионални и слободни резени. Доста ретко, во одредени локализации и големи интраорални карциноми се применува секундарно зараснување со поставување на привремена протеза (обтуратор).
Рехабилитацијата на пациенти со тумори на глава и врат, е процес со кој на пациентот му се овозможува постигнување на максимум физичка, психичка, духовна, социјална, професионална, рекреативна и едукативна оспособеност во однос на физиолошкото или анатомското оштетување, ограничување на околината и животни планови.
Цели на рехабилитацијата на пациенти со тумори на глава и врат се: (1) максимално можно функционирање кај болните во ремисија или излекуваните; (2) палијативно задржување на функциите кај болни во терминален стадиум. Од видовите на рехабилитациски постапки најчесто се применуваат: Физикална терапија- кинезотерапија, хидротерапија, масажни техники, електростимулација, термотерапија; Говорна рехабилитација; Психотерапија; Духовна терапија; Комплементарна супортивна терапија.
Напредокот на тераписките процедури во лекувањето на малигните заболувања на главата и вратот и подобрувањето на преживувањето ја отвора сè поголемата потреба од рехабилитацијата како интегрален дел на севкупното лекување на болните со карцином на глава и врат и вклучување на мултидисциплинарен тим: максилофацијален хирург, клинички психолог и психотерапевт, специјалист по ОРЛ, радиотерапевт, интернист, специјалист по пластична хирургија, ортодонт, логопед, физијатар, физиотерпаевт, социјален работник, медицинска сестра.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Lence Miloseva |
Date Deposited: | 29 Jan 2015 10:30 |
Last Modified: | 29 Jan 2015 10:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12179 |
Actions (login required)
View Item |