Теориските аспекти на социометрискиот статус на учениците (отфрлени/прифатени) и неговото образовно значење

Petrovska, Sonja and Stankovska, Ana (2013) Теориските аспекти на социометрискиот статус на учениците (отфрлени/прифатени) и неговото образовно значење. Зборник на трудови - Прва меѓународна научна конференција: Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија, 1 (1). pp. 614-621.

[thumbnail of Programa za konferencija 2013 final.pdf]
Preview
Text
Programa za konferencija 2013 final.pdf

Download (219kB) | Preview
[thumbnail of Prezentacija.pdf]
Preview
Text
Prezentacija.pdf

Download (756kB) | Preview
[thumbnail of - EU2013 (2).pdf]
Preview
Text
- EU2013 (2).pdf

Download (668kB) | Preview
[thumbnail of paper Conference.pdf]
Preview
Text
paper Conference.pdf

Download (449kB) | Preview

Abstract

Живееме во време на егзистенцијални парадокси. Од една страна милиони луѓе гладуваат, а од друга страна непроценливо големи финансиски средства се трошат за вооружување и војни. Милиони луѓе живеат во социјална, културна и технолошка изолација, а на другата страна се развиваат нано технологии и се истражува свемирот. Глобализацијата продира во секој сегмент од човековиот живот и создава скоро неразрешливи дилеми за суштината на човековото опстојување. Во вакви услови општествата кои се стремат да ги достигнат целите на побогатите, подемократичните и похуманите често се соочуваат со проблеми од вредносен карактер. Отсуствува компатибилност меѓу реалниот живот, прокламираните училишни цели и вековните напори на семејството да го зачува својот воспитен интегритет.
Трудот претставува преглед и анализа на теориски концепции и истражувачки наоди кои го актуелизираат и потврдуваат значењето на социјалната интеракција во ученичкиот колектив како детерминанта која може да влијае на квалитетот на социјалната интеракција во поширокиот општествен контекст. Постојат неотповикливи докази дека социометрискиот статус на учениците во ученичкиот колектив влијае на нивниот социјален, емоционален и когнитивен развој. Дека статусот на прифатеност и отфрленост се временски релативно стабилни и преносливи во други групи.Оттука се поставува потреба од воспоставување на нова парадигма која ќе промовира уште еден показател (социјална интеракција) за мерење на квалитетот на училишното образование.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: Социометриски статус, социјална интеракција, образование, ученици
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Sonja Petrovska
Date Deposited: 04 Feb 2015 08:32
Last Modified: 04 Feb 2015 08:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12125

Actions (login required)

View Item View Item