Koceva, Daniela and Petrovski, Vlado (2014) Односот на религијата и глобализацијата во современиот свет. First International Scientific Conference: Social Change in the Global World. pp. 841-848. ISSN 978-608-244-129-0
Preview |
Text
Proceedings-Vol.-2.pdf Download (11MB) | Preview |
Abstract
Сведоци сме на време кое преставува еден главен историски
преод. Време развиено под лупата на науката, технологијата
и рационалната мисла. Време на глобална доба која заживеа
зад експанзијата на демократијата, каде иако се изгледа дека
е под контрола, се чини дека се е надвор од контрола.
Глобализацијата навлезе многу длабоко, во сите сфери на
општественото живеење: медиумите, комуникацијата,
политиката, правото, културата, екологијата, етиката,
религијата и црквите и ги преструктурира начините на кои
денес живееме. Последица на глобализацијата се новите
искуства на општествена, политичка основа на поврзување и
умрежување преку процесите на интернационализација и
транснационализација.Во последните години прашањето за
глобализацијата и религијата претставуваат едно од
централните прашања на современата социологија. Бројни
социолози укажаа на мултидимензионата и комплексна
природа на овие процеси. Самата тема, религија и
глобализација, наметнува бројни прашања, на кои
социолозите и теолозите се трудат да дадат веродостојни и
исцрпни одговори. Меѓу главните полемики кои постојат по
однос на религијата и нејзината улога во современиот свет,
во времето на глобализацијата е: Дали и како опстанува?,
Како делува?,Дали религијата може да биде носител на
светскиот глобален морал?, Дали религиите со процесот на
глобализација го губат својот извор?,Дали глобализацијата
води кон слабеење на верскиот идентитет?, итн. Овие и уште
многу други прашања кои прозлегуваат од овој специфичен
однос ќе преставуваат основен предмет на анализа во самиот труд, чија главна цел е да покаже како религијата била и се
уште е главен аспект на глобализацијата.Но, гледано
пошироко религиската активноост е причина и последица на
глобализацијата. Уште многу оддамна, мисионерските
движења и религиската експанзија ги поттикнувале раните
форми на глобализацијата.Сепакстанува збор за два
противречни, но и тесно поврзани процеси кои подетално ќе
се анализираат во самиот труд. Истовремено на некој начин
глобализацијата и ги нагризува и ги промовира религиите во современиот свет.
Клучни зборови: религија, глобализација, плурализам,
идентитет, дијалог, вредности.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 27 Jan 2015 14:45 |
Last Modified: | 27 Jan 2015 14:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12115 |
Actions (login required)
View Item |