Ефектот на колаген - индуцираниот артритис врз некои параметри на имунолошкиот статус кај белиот лабораториски стаорец

Spasov, Mire (2014) Ефектот на колаген - индуцираниот артритис врз некои параметри на имунолошкиот статус кај белиот лабораториски стаорец. PhD thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

[thumbnail of DOKTORAT Mire Spasov.pdf]
Preview
Text
DOKTORAT Mire Spasov.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Промените што настануваат кај организмот во борбата за зачувување на внатрешната хомеостаза и одбраната на истиот, како од надворешните фактори така и од навлезените агенси во него, се одбрамбени механизми со кои се овозможува преживување на истиот во дадената ситуација. Mанифестирањето на тие промени зависат од карактерот, интензитетот и времетраењето на дејството на агенсот, како и од физиолошките карактеристики на организмот; пол, возраст, здравствена состојба, и истите не секогаш сe успешни за да тој преживее.
Испитувани беа ефектите на колаген-индуцираниот артритис, односно автоимуната реакција и воспалението, врз имуниот систем кај машки и женски стаорци на 30-иот и на 60-иот ден од третманот. Следени беа промените на хематолошките и на биохемиските параметри во крвта и серумот, како и влијанието врз мобилниот дел од имуниот систем, односно врз леукоцитите.
Како експериментални животни беа користени бели лабораториски стаорци од сојот Wistar.
Од испитувањата се дојде до сознанија за штетното влијание на предизвиканиот ревматоиден артритис врз сите испитувани параметри, како хематолошки, така и биохемиски. Тоа се манифестира преку сигнификантно намалување на бројот нате, хемоглобинот, тромбоцитите и IgG, а сигнификантно зголемување на бројот на леукоцитите, лимфоцитите, моноцитите и гранулоцитите. Несигнификантни промени се забележуваат кај хематокритот, CRP, C3, C4, IgA и IgM. Извршените испитувања за RF, OAST и за ANA покажаа негативни резултати. Вредностите за активноста на AST и ALT кај контролната група на стаорци, во споредба со третираните експериментални животни, покажаа сигнификантно зголемување за AST, додека вредностите за ALT несигнификантно се зголемија и останаа на ниво поблиску до контролната група.
Споредени со контролната група ефектите од третманот на 30-иот ден се поизразени, во однос на 60-иот ден. Разлика се јавува и кај машките животни, каде има поголеми разлики, во споредба со женските.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Borce Janevski
Date Deposited: 27 Jan 2015 10:16
Last Modified: 27 Jan 2015 10:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12109

Actions (login required)

View Item View Item