Механички својства на текстилни материјали

Dimeski, Dimko and Srebrenkoska, Vineta (2014) Механички својства на текстилни материјали. Универзитет „Гоце Делчев” - Штип. ISBN 978-608-244-105-4

[thumbnail of MSTM E-BOOK .pdf]
Preview
Text
MSTM E-BOOK .pdf

Download (6MB) | Preview

Abstract

Со илјадници години користењето на влакна било лимитирано само на она што го дава природата. Но, нешто повеќе од пред еден век, конечно развиено е првото вештачко влакно – рајонот (вискоза).
Првото комерцијално производство на вештачки влакна го остварил францускиот хемичар Hilarie de Chardonnet. Во 1889 година неговата ткаенина од “вештачка свила“ предизвикала сензација на изложбата во Париз. Две години покасно тој го изградил првиот комерцијален погон за рајон.
Во 1893 година бил пронајден уште еден целулозен продукт – ацетатот, кој во 1924 година бил произведен во вид на влакно од страна на компанијата Celanese. Целосна независност од природната целулоза била постигната со развојот на синтетичките влакна. Од нивниот почетен развој, синтетичките влакна стануваат конкурент, а во некои апликации дури ги заменуваат природните влакна. Полиестерските се денес најшироко користените влакна како за текстилни ткаенини така и, во мал дел, за технички апликации. Овие влакна прво се произведени во 1947 г. Но, првото вистинско синтетско влакно е полиамидното или најлон, чија комерцијална продукција почнува во 1938 г. Последниве 50-тина години современите синтетички влакна се развија во технички филаменти со особини кои се креирани преку контрола на нивната молекулска структура. Најсовремените влакна поседуваат особини, особено крутост во комбинација со мала густина, кои се на горната граница што природата и физиката ги дозволуваат. Тоа овозможува техничките структури базирани на влакна да бидат креирани со извонредни особини што претставува база за нови технички иновации. Природните влакна пак, од своја страна, имаат квалитети кои што синтетичките не можат да ги заменат особено комфорот, мекоста, допирот, но исто така тие се обновливи и евтин извор на структурни зајакнувачи, со што наоѓаат и нови апликации покрај традиционалните текстилни апликации.По развојот на полиамидот 66 (1935 г) следи период на рапиден развој и на други синтетички влакна, полиамид 6 („перлон, 1938), полиестер (1941), полиакрилонитрил (1942), еластон (1958), итн.
Денес на пазарот веќе постои нова генерација на високоперформансни влакна кои се одликуваат со високи и јакост и модул и кои се пред се наменети за технички апликации. Некои од овие влакна се дури и во втора или трета генерација од својот развој.
Влакната претставуваат значајна форма на материјал и често пати поседуваат особини кои се супериорни во однос на истиот материјал во невлакнеста форма. Финоста (од редот на 10 микрони) им овозможува голема флексибилност. Формата на влакната, со должина од неколку десетици реда на величини поголема во однос на дебелината, ја детерминира нивната преферентна апликација за оптоварување на затегање во аксијален правец. И токму во таквите апликации доаѓа до полн израз бенефитот од користењето на влакната било како текстилни материјали, било како технички.
Затоа, во овој учебник, кога зборуваме за механички карактеристики на текстилни материјали, пред се, мислиме на нивната јакост, модул и издолжување при затегање. Извонредните карактеристики, текстилните и техничките влакна ги должат на својата структурна градба. Од тука, логично следи, за да се објаснат својствата на влакната потребно е да се познава нивната структура. Токму затоа, првата глава од овој учебник е посветена на структурата на влакната; во втората глава се дефинирани сите релевантни механички карактеристики за текстилните материјали и начинот на нивно тестирање; во третата глава се презентирани механичките карактеристики на најзастапените текстилни и технички влакна како и нивните компаративни разлика и во последната, четврта глава, се дефинирани факторите кои влијаат врз механичките карактеристики на влакната и какво е нивното влијание врз поединечните влакна.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Vineta Srebrenkoska
Date Deposited: 23 Jan 2015 10:16
Last Modified: 23 Jan 2015 10:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12029

Actions (login required)

View Item View Item