Leontik, Marija (2014) Карактеристики на оригиналната и преведената книжевност за деца и младина. Огледало (221). pp. 3-5. ISSN 0351-2126
Preview |
Text
2014-Марија-Леонтиќ-ОГЛЕДАЛО.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Книжевноста за деца и младина се јави како потреба да се отслика светот на децата и младите, но и нивното место и значење во светот на возрасните. Оваа книжевност искажува одредени вистини и сознанија за децата и младите во животниот тек на светот. Таа лесно се восприема, доживува и споделува од страна на децата, младите и возрасните. Децата и младината во оваа книжевност откриваат разни видови детство и младост, а возрасните рефлексии од своето детство и младост. Затоа во светот опусот на книжевност за деца и младина е многу богат и разновиден. Различни земји и култури имаат специфични карактеристики на својата книжевност за деца и младина, но сите тие имаат и заеднички карактеристики бидејќи детето на која било страна на светот и да се наоѓа има исти или слични потреби, желби и сништа. Како резултат на ова, во светот имаме многу преводи на книжевни дела за деца и младина. Нивниот превод овозможува читателите на одредена култура да се запознаат со чувствата, мислите и однесувањето на децата и младите на другите култури. На овој начин оригиналната и преведената книжевност за деца и младина овозможуваат дијалог меѓу децата и младите од разновидни земји и придонесуваат за запознавање на истите, сличните или различните вредности на културите на кои припаѓаат. Како резултат на ова, книжевноста за деца и млади станува модул за дијалог меѓу децата и младите од различни земји и култури.
Клучни зборови: книжевност, превод, деца, младина, култура, дијалог.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Leontik |
Date Deposited: | 22 Jan 2015 10:48 |
Last Modified: | 22 Jan 2015 10:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12012 |
Actions (login required)
View Item |