Kukubajska, Marija Emilija (2014) Редефинирање на семејните вредности во САД: Прогресивен идеализам со регресивна ерозија. In: Општествената промена во глобалниот свет, 9-13 Sept 2014, Stip, Macedonia. (Unpublished)
Text
УГД - Правен факултет - конференција 2014.docx Download (48kB) |
|
Preview |
Text
Programa_1_megunarodna_konferencija_praven.pdf Download (856kB) | Preview |
Abstract
Овој труд е анализа на истражувања на Херитиџ фондацијата, за значењето на семејството, неговата традиционална брачната врска меѓу двополови родители (мајка и татко) и нејзиниот импакт врз здравјето на детето, индивидуата, културата и општеството. Ставовите се поткрепени со статистички факти од општествено-политички, медицинско-психолошки, културолошко-етички и религиозни наоди: деца одраснати во традиционални семејства покажуваат најдобар успех во образованието, во фамилијарната и општа социјализација, во балансиран емотивен и сексуален развој; тие деца бележат и најмал број на деликвентност и затворски казни за разлика од децата во алтернативни семејства со ревидирани или игнорирани морални вредности. До слични статистики доаѓаат и некои либерално-прогресивните, секуларни истражувачки центри како и конзервативни трустови на мозоци кои сепак ги бранат традиционалните морални норми. Објективните податоци сепак не успеваат да го ублажат непомирливитот антагонизам помеѓу овие идеолошки непријатели: за и против традиционална содржина и структура на семејството и бракот. Анализата издвојува состојби и трендови за промени на традиционалните семејни вредности кои се мета на ревизија и редефинирање, бескомпромисно наметнувано од атеистичкото, утилитарно, полигамно (poliamorous) и хедонистичко малцинство во американското општество. Тој тренд има легален потенцијал и дискриминаторска агенда да го анатемизира и укине традиционалното семејство и неговите милениумски поливалентни културолошки и религиозни слободи и права, во земјата на денес неподносливата тешкотија на толеранцијата.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities Humanities > Philosophy, ethics and religion |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Kukubajska |
Date Deposited: | 02 Feb 2015 12:34 |
Last Modified: | 02 Feb 2015 12:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11978 |
Available Versions of this Item
- Редефинирање на семејните вредности во САД: Прогресивен идеализам со регресивна ерозија. (deposited 02 Feb 2015 12:34) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |