Голманот Риско

Mirascieva, Snezana (2014) Голманот Риско. In: Голманот Риско. Општествена култура - сликовници, 1 . OXO, Скопје, pp. 28-33. ISBN 978-608-4645-27-6

[thumbnail of d2.pdf]
Preview
Text
d2.pdf

Download (96kB) | Preview

Abstract

Тема: права и одговорности во општеството (Сликовница: Голманот Риско). Сликовницата е дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“ поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Проектот „Сите сме еднакви“ е образовен проект за ученици од основни училишта, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Проектот ќе се реализира во 21 основно училиште во Република Македонија од 1. јуни 2013 – 31. март 2015 година. Проектот е воведен преку интегрирање на едукативни содржини во наставата во предметите „Општество“ и „Запознавање на околината“ од одделенска настава. Основната цел е да изгради чувство на лична одговорност кај учениците со почитување на културните вредности. Проектот има силна интеркултурна и меѓуетничка компонента и обезбедува платформа за здружување на ученици кои имаат различно културно, етничко и социјално потекло. Проектот ги надополнува тековните училиштни активности со интерактивни и интердисциплинарни содржини како што се: владеење на правото, основни човекови права и различност.
Дел од предвидените активности кои ќе се реализираат во училиштата се следните:
- Ликовна изложба за училишната кампања „Права и обврски“
- Традиционален танц за училишната кампања „Почитување и различност во мултиетничко општество“
- Интерактивни спортски и забавни игри за училишната кампања „Мултиетничко општество“
- Конкурс за разгледници за училишната кампања „Еднаквост и човекови права“
Проектот се реализира во 21 основно училиште во Република Македонија. Во овие училишта учат ученици од различна етничка припадност. При изборот на училиштата земен е предвид регионалниот пристап, опфатени се рурални и урбани средини и застапен е принцип на инклузија на деца со посебни потреби. Опфатени се 8.000 деца и 320 наставници од одделенска настава.
Училишта опфатени во проектот:
1. ОУ „Башкими Единство“- Гостивар
2. ОУ „Кирил Пејчиновиќ“- Теарце
3. ОУ „Братство Единство“- Охрид
4. ОУ „Страшо Пинџур“- Вевчани
5. ОУ „Тоде Хаџи Тефов“- Кавадарци
6. ОУ „Јосип Броз Тито“- Валандово
7. ОУ „Владо Полежиноски“- Кичево
Детската емисија „5+“ која се емитува на две национални телевизии (Телма и АлсатМ), на македонски и на албански јазик, е комуникациско средство за подигнување на свеста на децата и пошироката јавност, како и за промоција на сите активности од овој проект.
За потребите на проектот, продуцирани се 5 сликовници кои служат како дидактичко средство во наставата по предметите „Општество“ и „Запознавање на околината“ во одделенска настава. Темите што се опфатени во сликовниците се:
• Права и одговорности во општеството
• Почитување и различност во мултиетничко општество
• Тимска работа и фер игра
• Еднаквост
За интеграција на содржините, методологијата се однесува на: Суштина и значење на интегрираното планирање во наставата, како дел од проектот „Сите Сме Еднакви” - Проф. Д-р Снежана Мирасчиева достапно на http://www.sitesmeednakvi.org.mk/cat/13

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Mirascieva
Date Deposited: 01 Apr 2015 10:56
Last Modified: 07 Aug 2015 07:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11941

Actions (login required)

View Item View Item