Belovski, Vojo (2012) Законска забрана за конкурентското дејствување и договорна забрана на конкурентското дејствување. Годишен зборник 2011/12, Правен факултет, 3 (1). pp. 69-82. ISSN 1857- 8713
Preview |
Text
godisen zbornik praven 2012 vojo belovski.pdf Download (746kB) | Preview |
Abstract
Како субјекти на работниот однос работодавачот и
работникот имаат посебни и зеднички интереси. Посебни, затоа што
работодавачот се залага за што поголем профит, а работникот за што
поголема заработувачка. Заедничкиот интерес и на двата субјекта е тоа
што поголем профит обезбедува и поголема заработувачка. Заедничките
интереси ги доведуваат работодавачот и работникот во правна и економска
заедница.
Помеѓу работодавачот и работникот постои однос на лојалност,
посебно на пазарот на трудот и капиталот. Лојалноста треба да е присутна и
во текот и по престанокот на работниот однос. Затоа, Законот за работните
односи, во врска со забраната на конкурентско дејствување ја разликува
конкуренцијата за време на работниот однос и по престанување на
работниот однос.
Законска забрана на конкурентското дејствување
не е апсолутна.
Ако работодавачот се согласи, конкурентската забрана, иако законска,
останува без дејство. Во спротивно, ако нема таква согласност, законот
предвидува можност за преземање мерки од страна на работодавачот, т.е
да бара обесштетување на штетата во законски определен рок.
Договорна забрана на конкурентското дејствување
се однесува по
престанувањето на работниот однос
. Работникот и работодавачот можат
да се договорат и условат за забраната на конкуренцијата и по престанок
на работниот однос, за разумен рок од две години по престанување на
договорот за вработување.
Факултативноста на договорната забраната
на конкуренцијата се
гледа во тоа што
таа се договара.
Ако е договорена, постои. Ако не биде
договорена, не постои. Значи, не е од императивна природа.
Договорната забрана за конкурентско дејствување има своја
цена.
Тоа е надоместок за почитување на конкурентската клаузула
.
Работодавачот, да би обезбедил лојалност од работникот и по престанокот
на работниот однос, мора да му плати надомест за почитување на
конкурентската клаузула
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Borce Janevski |
Date Deposited: | 25 Dec 2014 09:34 |
Last Modified: | 25 Dec 2014 09:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11832 |
Actions (login required)
View Item |