Концерти на проф. д-р Шкариќ и Иво Мајер во Скопје и во Штип

23.4.2014

Во организација на Амбасадата на Германија и Амбасадата на Хрватската, во четврток (24 април) во Католичката црква во Скопје, во 19 часот, проф. д-р Милица Шкариќ ќе одржи концерт заедно со хрватскиот контратенор Иво Мајер, кој живее во Австрија.

Гостин на концертот е сопранистката Гонца Богоромова. На концертот ќе бидат изведени дела од Џордани, Перголези, Хендел, Бах-Гуно, Качини, Росини, Форе, Бритен, Кларк и Доницети.

Во петок (25 април) со почеток во 12 ч. на Факултетот за музичка уметност во Штип ќе настапат проф. д-р Милица Шкариќ и контратенорот Иво Мајер, кој по концертот ќе одржи мастерклас за студентите од Катедрата за соло пеење.