Gorgieva, Pale and Velickova, Nevenka and Nedeljkovik, Bojana and Andreeva, Ljubica (2014) Најчести опасности и ризици во лабораториите за медицинска дијагностика. In: 42-nd October meeting, Union of associations of medical laboratory and sanitary tecnicians of the Republic of Macedonia, 02-05 Oct 2014, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Image
НАЈЧЕСТИ ОПАСНОСТИ И РИЗИЦИ ВО ЛАБОРАТОРИИТЕ ЗА МЕДИЦИНСКА ДИЈАГНОСТИКА.jpg Download (421kB) | Preview |
Preview |
Text
Programa_oktomvriski sredbi_laboranti_2014.pdf Download (680kB) | Preview |
Abstract
Вовед: При вршењето на секојдневните работни задачи, во лабораториите за дијагноза, третман и лекување на инфекции, медицинските лица се изложени на секаков ризик фактори. Во согласност со работата на законот за заштита на населението од заразнизаболувања,а во тренд со современата лабораториска дијагностика, во лабораториите функционираат и работат лаборанти, кои се изложени на директни ризици. Цел на студијата: Да се увидат и проценат најчестите опасности и ризици кои може да се појават за време на работниот однос на медицинскиот персонал во лабораторијата. Материјал и методи: Материјал на истражувачката работа е медицинскиот персонал во лабораторијата со правење на анкетен прашалник, апликативни и применети истражувања, се додека не се откријат потенцијалните опасности и ризици. Резултати: Според податоците од Институтот за медицина на трудот, во Скопје, покажуваат дека во поглед на повредите на работа, резултатите се: 69,2% од испитаните работници се повредиле со боцкање со игла, додека 31,8% од нив се повредиле со друг инструмент. При работа во лабораторија најчесто може да дојде до труење со гасови и пареи. Заклучок: Во Република Македонија е потребна постојана проценка на институционалната рамка на полето на превенцијата на работните места на медицинскиот персонал. Всушност се потребни активности и процедури кои ќе се спроведуваат со цел за заштита на лаборантите од настанување на повреди и други видови здравствени загрозувања во текот на работењето, па се до нивно комплетно осигурување.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 26 Dec 2014 11:36 |
Last Modified: | 26 Dec 2014 11:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11805 |
Actions (login required)
View Item |