Правна и институционална рамка на нуклеарната енергија во Р.Македонија

Ampovska, Marija (2014) Правна и институционална рамка на нуклеарната енергија во Р.Македонија. Зборник на трудови - Втора меѓународна научна конференција „Влијанието на научно-технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието, и безбедноста во Република Македонија“. pp. 297-310.

[thumbnail of ampovska marija.pdf]
Preview
Text
ampovska marija.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Иако науката за атомска радијација, атомски промени и нуклеарна фузија била развиена во периодот од 1895 до 1945 година, дури почнувајќи од 1945 година вниманието било свртено кон искористување на оваа енергија на контролиран начин за поморски погон и за создавање на електрична енергија, а во 1956 година фокусот бил ставен на технолошка еволуција на безбедни нуклеарни централи . Иако во Македонија, до денешен датум не постои нуклеарна централа или нуклеарни реактори, сепак со оглед на значењето што нуклеарната енергија го има во светот и прекуграничниот карактер на последиците во случај на нуклеарен инцидент а посебно размерите што може да ги има нуклеарната штета во нашата држава е создадена една правна и институционална рамка на полето на нуклеарната енергија. Во овој труд се зборува токму за правните извори од национален карактер кои се дел од правниот систем на нашата држава а се однесуваат на правната регулатива на нуклеарната енергија и пред сè на граѓанско-правната одговорност за нуклеарна штета, а ќе го утврдиме и односот помеѓу националното законодавство во оваа област со постоечкиот меѓународен режим на граѓанско-правна одговорност за нуклеарна штета.Со оглед на прашањето за граѓанско-правна одговорност за нуклеарна штета во Р.Македонија од посебно значење е односот на нашата држава со Бугарија бидејќи таа е единствена соседна држава која има два активни нуклеарни реактори за производство на електрична енергија и за нашата држава и лицата кои живеат на територија на нашата држава постои опасност од нуклеарна штета што може да потекне од нуклеарен инцидент од тие два нуклеарни реактори.Затоа од значење е утврдување на националната и меѓународната правна регулатива како и институционалната рамка кои постојат во моментот како и детектирање на евентуална потреба за нивна измена сè со цел гарантирање на безбедноста и сигурноста, во прв ред, а во најлош случај обезбедување на надомест на нуклеарна штета за потенцијалните жртви, односно оштетени во случај на нуклеарен инцидент.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Marija Radevska
Date Deposited: 26 Jan 2015 13:39
Last Modified: 26 Jan 2015 13:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11749

Actions (login required)

View Item View Item