Стратегиски пристап кон производот во меѓународниот маркетинг

Krstovska, Ljubinka (2014) Стратегиски пристап кон производот во меѓународниот маркетинг. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Стратегиски пристап кон производот во меѓунарониот маркетинг.pdf]
Preview
Text
Стратегиски пристап кон производот во меѓунарониот маркетинг.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Маркетингот е економски процес кој ги поврзува производоството и потрошувачката, притоа овозможувајќи производите и услугите да стигнат до крајните потрошувачи, а информациите за потребите и барањата на потрошувачите до производителите.
Управувањето со маркетингот во меѓународниот маркетинг значи создавање на таква комбинација на производот, цената, промоцијата и дистрибуцијата што во најголема можна мерка ќе ги задоволи потребите на купувачите на странските пазари, со оглед на тоа што потрошувачите се разликуваат помеѓу себе по искажувањето на различните потреби.
Успешните меѓународни претпријатија развиваат миксеви (миксирајќи ги елементите на маркетингот), за оние целни пазари кои на најдобар можен начин можат да ги задоволат потребите на потрошувачите, имајќи ги предвид ресурсите со кои располагаат.
Критичен елемент на маркетинг миксот е производот. Неквалитетниот производ не може да ни даде успешна промоција и дистрибуција. Квалитетен производ ќе ни даде успех со помалку вложување во промоцијата и дистрибуцијата.
Денес сме сведоци на тенденцијата на изедначување на квалитетот на производот. Тоа е, пред сѐ, резултат на брзиот процес на ширење на информациите, трансферот на технологија, производствени постапки и значењето како основен ресурс за развој. Во една таква констелација на светскиот пазар, победата ја имаат претпријатијата со подобра маркетинг стратегија и изградена марка на производот.
Успешен маркетинг е оној кој понудениот производ на крајните потрошувачи го приближува не само неоштетен, туку тоа го прави во пријатна и препознатлива форма за потрошувачот. Заради тоа, промотивната функција на пакувањето во современото работење во светот сѐ повеќе добива на значење. За крајниот корисник на пазарот е неопходно да му се овозможи тој да може прецизно, недвосмислено и лесно да го идентификува производот врз основа на пакувањето.
Политиката на производот е составен дел на глобалната деловна политика и претставува клучна компонента во програмирањето на растот и развојот на меѓународното претпријатие. Искуствата на индустриски развиените земји потврдуваат дека по пат на пазарно приспособување на иновативната политика, претпријатието може да осигура реален раст и развој. Затоа укажуваме дека политиката на производот е основа на развојната политика на претпријатието.
Клучни зборови: потрошувачи, брендирање (марка), дизајнирањеквалитет, пакување.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Dec 2014 12:24
Last Modified: 12 Dec 2014 12:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11720

Actions (login required)

View Item View Item