Еволуција на „ноксалната одговорност“ од римското право во „одговорност за друг“ во современото македонско право

Ampovska, Marija and Apasiev, Dimitar (2014) Еволуција на „ноксалната одговорност“ од римското право во „одговорност за друг“ во современото македонско право. Зборник на трудови - Втора меѓународна научна конференција „Влијанието на научно-технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието, и безбедноста во Република Македонија“, 2 (2). pp. 378-388. ISSN ISBN 978-608-4714-11-8

[thumbnail of Zbornik2014 apasiev.pdf]
Preview
Text
Zbornik2014 apasiev.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Семејството отсекогаш претставувало основа единица на едно општестено уредување, без оглед дали се работи за античко или за современо општество. Токму затоа видот на односите кои постојат меѓу членовите на семејството отсекогаш биле основа на која се граделе институтите на правото, во конкретниот случај на граѓанско-правната одговорност за причинета штета. Така, во римското право улогата на pater familias и значењето на неговата власт – patria potestas биле основата на која била изградена ноксалната одговорност, како одговорност на pater familias за штетата што лицата под негова власт (неговите деца или неговите робови) ќе им ја причинеле на трети лица.Во модерното семејство, пак, на местото на pater familias-отод римското право стојат обајцата рамноправни родитела, а на местото на patria potestas стои не власт туку родителското право врз децата. Ваквиот однос родител – дете во современото право е основа на која правото го изгради институтот „одговорност за друг“ согласно кој родителите одговараат за штетата што на трети лица ќе им ја причинат нивните малолетни деца, или пак полнолетните деца кои се неспособни за расудување. Одговорноста на родителите во современото македонско право се заснова на правилата за субјективна и објективна одговорност, како и врз начелото на справедливост, во зависност од поединостите на секој конкретен случај и согласно законските одредби. Ноксалната одговорност и одговорноста за друг се два института кои му припаѓаат пред сè на своето време и во таа смисла не можеме ниту буквално да ги споредуваме, ниту потполно да ги изедначуваме. Од друга страна, помеѓу нив постои суштествена сличност од причина што крајната цел на нивното постоење е иста – да се надомести штетата што на трети лица им била причинета од страна на член на семејството. Од тој аспект, можеме да кажеме дека анализата разработена во овој труд се однесува токму на правилата и начинот на кој два различни правни института ја постигнуваат оваа иста цел.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 12 Dec 2014 12:22
Last Modified: 12 Dec 2014 12:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11717

Actions (login required)

View Item View Item