Kosevaliska, Olga and Ivanova, Elena (2014) Шенгенски информациски систем и заштита на податоците во него. In: Втора меѓународна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, 30-31 Oct 2014, Skopje, Macedonia.
Preview |
Text
trud SYS ZBORNIK.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Информацискиот систем на Шенген зоната се состои од два оперативни системи – Шенгенски информациски систем (SIS а сега веќе ажуриран преминува во SIS II) и Визниот информативен систем (Visa Information System – VIS). Шенгенскиот информативен систем овозможува пристап до податоци за лица, државјани на трети земји на кои не им е дозволен влез во Шенген зоната, односно лица кои се во категоријата на „непожелни“ поради илегалната имиграција, трговијата со дрога, тероризам и други сериозни кривични дела. Целта на овој информативен систем е во согласност со Шенгенската Конвенцијата и има за цел да обезбеди одржување на јавниот ред и јавната безбедност како и националната безбедност на земјите - членки. Оттука, целите на Шенгенскиот информационен систем се да им помогне на договорните страни со информации, како и обезбедување на јавна сигурност и ред без исклучок на сигурноста на државите. Тој е составен од централниот информационен систем во Стразбург (SIS) и националните информациони системи во поединечни земји - членки кои се потписнички на Шенгенската Спогодба (N - SIS). Овој труд има за цел да ги прикаже предностите и слабостите на овој систем а особено да укаже на сериозното ограничување на правото на заштита на лични податоци при нивната обработка во овој систем.
Клучни зборови: Шенгенски информациски систем, лични податоци, кривично дело, ЕУ, обработка.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Olga Kosevaliska |
Date Deposited: | 12 Dec 2014 10:53 |
Last Modified: | 07 Aug 2015 09:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11705 |
Actions (login required)
View Item |