Sarac, Vasilija (2014) Примена на софтверски пакети во проектирање на електрични инсталации. In: Втора меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, 30-31 Oct 2014, Skopje, Macedonia.
Preview |
Text
First pages.pdf Download (983kB) | Preview |
Preview |
Text
Trud-1.pdf Download (794kB) | Preview |
Abstract
Пресметката и дизајнот на електрични инсталации во поглед на нивната точност, безбедност и секако заштита на различните видови на објекти од атмосферски празнење е важен сегмент во изработката на проектот на електрични инсталации за било каков вид на објект. Денес голем број на производители на нисконапонска опрема нудат различни видови на софтверски пакети кои овозможуваат автоматизирана пресметка на електричните инсталции со што се зголемува брзината на пресметка, точноста и се избегнуваат било каков вид на субјективни грешки од стана на проектантот. Трудот обработува примери на примена на два софтверски пакети: Ecodial 3.38 од производителот Schnaider Electric и Protec 2001 на производителот Indelec. Примената и можностите на првиот софтверски пакет во проектирање на електричните инсталации е обработена преку пример на проектирање на нисконапонски развод во стамбена зграда при целосно автоматизирана пресметка и пресметка чекор по чекор, при што се добива комплетен проект од аспект на димензионирање на сите потребни елементи, трансформатор, должина, вид и пресек на кабли, тип на осигурачи , пад на напон, комплетна еднополна шема и спецификација на сите материјали. Примената на вториот софтверски пакет е во областа на заштита на објектите од атмосферски празнења и е обработена преку пример на пресметка и поставување на громобран на за даден објект при што на излез од програмот се добива резултат од симулацијата на поставениот гомобран и радиусот на заштита што го овозможува истиот. Програмот дава пресметка и на нивото на заштита кое треба да се примени во зависност од видот на објектот, неговата населеност и местополжба. Можностите за примена на софтверски пакети во автоматизирана пресметка на различни видови на инсталации се големи и тие секако придонесуваат за подобар квалитет како во процесот на проектирање така и при изведбата и нивното крајно користење.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Vasilija Sarac |
Date Deposited: | 11 Dec 2014 14:41 |
Last Modified: | 11 Dec 2014 14:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11699 |
Actions (login required)
View Item |