Улогата на ревизијата во подобрување на квалитетот на финансиското известување

Dimitrova, Janka and Fotov, Risto (2014) Улогата на ревизијата во подобрување на квалитетот на финансиското известување. Knowledge: International Journal - Scientific and applicative papers Skopje, 4. pp. 240-244.

[thumbnail of Zbornik Bansko-Scientific_1.pdf]
Preview
Text
Zbornik Bansko-Scientific_1.pdf

Download (11MB) | Preview
[thumbnail of УЛОГАТА НА РЕВИЗИЈАТА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ФИНАНСИСКОТО ИЗВЕСТУВАЊЕ.pdf]
Preview
Text
УЛОГАТА НА РЕВИЗИЈАТА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ФИНАНСИСКОТО ИЗВЕСТУВАЊЕ.pdf

Download (501kB) | Preview

Abstract

Финансиското известување е клучен елемент за системот на корпоративното управување да функционира ефикасно. Сметководителите и ревизорите се основните даватели на информации на стеикхолдерите. Финансиските информации презентирани во финансиските извештаи треба да се подготвени во согласност прифатената законска рамка за финансико изветување ослободени од материјално погрешни прикажувања. Погрешни прикажувања во финансиските извештаи може да настанат поради измама или грешка. Разликата помеѓу измама и грешка е во тоа дали погрешното прикажување во финансиските извештаи е направено намерно или ненамерно. Основната одговорност за спречување и откривање на измама е на раководството. Раководството, треба да вложи максимален напор за спречување на измамата.
Ревизор кој ја спроведува ревизијата во согласност со МСР е одговорен за стекнување разумно уверување дека финансиските извештаи земени како целина не содржат материјално погрешно прикажување било да е предизвикано од измама или од грешка. За да се обезбеди максимален професионализам и одговорност на ревизорите при вршењето на процесот на ревизијата воведена е институцијата надворешна контрола на квалитетот. Оваа контрола треба да ги увери и корисниците на финансиските извештаи и другите заинтересирани страни дека работата на овластените ревизори, друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци ги задоволуваат барањата од основните принципи за надворешната контрола на квалитетот, како што е утврдено со Законот за ревизија и со подзаконските акти на ИОРРМ, имајќи ги предвид меѓународните основни мерила.

Клучни зборови: финансиски извештаи, ревизор, измами, грешки, контрола на квалитет

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 11 Dec 2014 11:07
Last Modified: 07 Aug 2015 07:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11567

Actions (login required)

View Item View Item