Реформата на пензискиот систем во глобални рамки (општи трендови и правци)

Gruevski, Ilija and Gaber, Stevan (2014) Реформата на пензискиот систем во глобални рамки (општи трендови и правци). In: International scientific conference "Social change in the global world", 11-13 Sep 2014, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Реформата на пензискиот систем во глобални рамки %28општи трендови и правци%29-Praven fakultet-konferencija.pdf]
Preview
Text
Реформата на пензискиот систем во глобални рамки %28општи трендови и правци%29-Praven fakultet-konferencija.pdf

Download (729kB) | Preview
Official URL: http://clprmk.org/?p=460

Abstract

Сè до пред извесно време, националните пензиски системи беа носечкиот столб на социо-економската рамнотежа и благосостојба во земјите од Европската Унија, но и пошироко во светот. Благодарение на поволните демографски движења кои се манифестираа со пораст на младото работоспособно население, фондовите располагаа со доволно средства со кои се овозможуваше редовното, па дури и предвременото пензионирање на постарите работници. Меѓутоа, со стареењето на генерациите кои произлегуваа од периодот на демографската експанзија (т.н. бејби-бум), доаѓа до реална опасност од загрозување на фискалната одржливост на пензиските системи, поради наглото излегување на постарите работници надвор од работната сила и потребата од нивно пензионирање. Нискиот наталитет, стареењето на населението, и останатите недемографски фактори наложија што побрзо реформирање на пензиските системи, како во ЕУ, така и во сите земји кои се соочуваа со слични трендови (меѓу кои спаѓа и РМ), и во таа насока преземање низа мерки со кои би се зголемил степенот на пензиското штедење.
Целта на трудот е да се презентираат, објаснат и анализираат мерките кои се предлагаат со глобалните реформи на пензискиот систем. Меѓу нив спаѓаат: замена на јавните “pay-as-you-go” со приватни пензиски системи, премин кон актуарно неутрални пензиски шеми, блокирање на каналите за предвремено пензионирање, воведување на флексибилност во пензионирањето (пензионирање по избор, комбинација на работа и примање на пензија, прогресивно или фазно пензионирање), стимулирање на влезот во доброволните пензиски столбови, воведување на задолжително приватно пензиско осигурување, зголемување на законската старосна граница за пензионирање, редуцирање на бенефитите од јавните пензиски шеми, формирање на повисоки пензиски резерви во државниот буџет, зголемување на стапката на придонесот за пензиско осигурување и сл.
Во насока на подобро запознавање со поимот на штедењето или поконкретно, пензиското штедење, направен е краток осврт врз Теоријата на животниот циклус, како најдоминантна во тој поглед, додека за целите на анализата, користени се дескриптивниот и компаративниот метод. Преку трудот, заинтересираните читатели имаат можност да се запознаат со општите правци на реформата на пензискиот систем, кои можат да послужат и како основна платформа за подлабоки и посуптилни истражувања во тој домен.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Stevan Gaber
Date Deposited: 02 Dec 2014 09:53
Last Modified: 07 Aug 2015 09:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11561

Actions (login required)

View Item View Item