Три методи за учење на новите генерации

Kuzmanovska, Dragana and Kirova, Snezana and Petkovska, Biljana (2014) Три методи за учење на новите генерации. Воспитание - списание за образовна теорија и практика, 9 (13). pp. 87-93. ISSN 1857- 8705

[thumbnail of ТРИ МЕТОДИ ЗА УЧЕЊЕ НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ.pdf]
Preview
Text
ТРИ МЕТОДИ ЗА УЧЕЊЕ НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Денешново време е време на брзи и сѐ поголеми промени во секој
домен на животот, па така и образованието не е исклучок.
Кога станува збор за промени многумина од нас не се чувствуваат
секогаш подготвени за промени. Речиси сите од нас најудобно се
чувствуваме со секојдневните навики и постапки. Понекогаш промените ги
доживуваме како закана, иако тие, исто така, можат да бидат возбудливи
и да отворат нови можности за нас, наставниците. Во трудов ќе се зборува
за воведување на промени во образовниот процес и ќе се потенцираат
поволностите од тоа. Кога зборуваме за промени мислиме на усогласување
на истите со потребите на новите генерации ученици кои не се вклопуваат
во традиционалниот образовен процес и за кои е неминовно воведување на
новини. Иако денес образованието подлежи на многубројни промени кои
се однесуваат на наставниот план и програма, на наставата и учењето, на
училницата, на оценувањето и на технологијата, ние сакаме да зборуваме
за нивното приспособување кон новите генерации на ученици.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: визуализација, критичко мислење, решавање проблеми, време.
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Snezana Kirova
Date Deposited: 01 Dec 2014 10:47
Last Modified: 01 Dec 2014 10:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11542

Actions (login required)

View Item View Item