Trendafilova, Ivana (2014) Улогата на менаџерот - лидерот во управување со конфликти преку поттикнување на конструктивни, а разрешување и избегнување на деструктивни конфликти. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Magisterska-Ivana Trendafilova.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Конфликтите се вообичаен и неизбежен дел во организациите и треба да бидат прифатени како такви, а не да се избегнуваат и да се третираат како закана, како штетни за самата организација и за меѓучовечките односи во неа. Всушност, конфликтите се вообичаен и неизбежен дел од секојдневниот живот и се составен дел од меѓучовечките односи, во кои, често неисполнетите потреби, цели, интереси, постојни поединечни разлики на физичко, лично, професионално и на духовно поле, доаѓаат во судир, па дури и лицата што си значат многу еден на друг. Појавата и присуството на конфликти во една организација нема само негативен ефект. Организацијата од секој конфликт може да извлече одредена корист. Зависно од тоа како ќе му се пристапи на конфликтот и кои мерки ќе се преземат за негово управување, конфликтот може да има и позитивен ефект врз организацијата. Вработените учат како да се справуваат со препреките, овозможува да се подобри комуникација, која често води и до зголемување на меѓусебната доверба, се запознаваат позитивните и негативните начини на реагирање и однесување кај вработените, а сето тоа води до подобрување на продуктивноста и профитабилноста на организацијата. Клучни зборови: конфликти, вработени, менаџери (лидери), управување со конфликти (конфликт-менаџмент), стилови на управување со конфликти, конфликтна компетентност.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 01 Dec 2014 10:16 |
Last Modified: | 01 Dec 2014 10:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11531 |
Actions (login required)
View Item |