Семејното насилство - социјална појава на денешницата

Koceva, Daniela and Petrovski, Vlado (2014) Семејното насилство - социјална појава на денешницата. Воспитание, 9 (13). pp. 35-42. ISSN 1857-8705

[thumbnail of Semejnoto nasilstvo.pdf]
Preview
Text
Semejnoto nasilstvo.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Овој труд ќе даде еден краток осврт на семејното насилство
како реално случување кај нас и земјите ширум светот, вклучувајќи го насилството на децата, насилството меѓу брачните другари или малтретирањето на брачниот другар. Семејното насилство, исто така, може да вклучува партнери кои живеат вонбрачно и интимни партнери кои не се во брак. Во повеќето земји во светот семејното насилство зазема
размери на проблем од примарно општествен карактер. Тоа како проблем се одразува врз економскиот и севкупниот развој на едно општество, кој носи со себе разорувачки последици, како по однос на примарната жртва (жената/мажот), така и во однос на секундарната жртва децата. Република Македонија не е исклучок од оваа социјална девијација, напротив бројот на малтретирани лица во рамките на семејството секојдневно се зголемува.
Голем број нeвладини организации започнаа со работа со цел да изнајдат решенија кои ќе можат барем во одредени граници да го контролираат овој проблем. Сепак, станува збор за една чувствителна тема, тргнувајќи од аспект на тоа дека семеjството е заедница во која нејзините членови имаат право да уживаат семеен живот и дискреција.
Клучни зборови:општествена девијација, семејство, насилство,
правна заштита на децата, родителска грижа.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 27 Nov 2014 15:00
Last Modified: 27 Nov 2014 15:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11510

Actions (login required)

View Item View Item