Markoska, Nadica (2014) Диференцијална анализа на категоријата определеност/неопределеност во македонскиот и италијанскиот јазик. Литературен збор, 4-6. pp. 105-112. ISSN 0024-4791
Text
Надица Маркоска Литер. збор 2-4 2014.doc Download (88kB) |
|
Text
Doc1.docx Download (772kB) |
Abstract
Споредувањето на два или повеќе предмети, луѓе, или дејства е активност која ја правиме секојдневно со цел да ги истакнеме сличностите и разликите или, пак, да го изразиме нашето мислење. Тргнувајќи од претпоставката дека ништо не може детално да се спознае доколку не постои споредба, многу научни дисциплини го користат компаративниот метод за да го разберат подобро својот предмет на проучување: од ботаника до зоологија, од споредбено право (кое се занимава со компаративно проучување на правните системи на две или повеќе држави) до компаративните книжевности. Во лингвистичките студии компаративниот метод се користи за разни цели. Можат да се споредуваат различни еволутивни стадиуми на еден јазик, потоа еден стандарден јазик и дијалектите за да се издвојат структурните карактеристики на дијалектот, исто така може да се направи компарација на повеќе јазици кои припаѓаат на една иста јазична група (на пример, споредба на романските јазици) со цел да се подвлечат заедничките карактеристики или разликите помеѓу нив. Значи, споредбата како метод се користи во сите области на лингвистиката.
Предмет на истражување во нашиот труд е контрастивна анализа на категориите определеност и неопределеност во италијанскиот и македонскиот јазик со цел да ги изнајдеме сите сличности и разлики во однос на формите, употребата и испуштањето на членските наставки или членот во двата јазика.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Nadica Negrievska |
Date Deposited: | 27 Nov 2014 12:57 |
Last Modified: | 27 Nov 2014 12:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11503 |
Actions (login required)
View Item |