Balabanova, Biljana (2010) Атмосферската депозиција на тешки метали во околината на рудникот и флотација за бакар „Бучим“, Радовиш, Република Македонија. Masters thesis, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
Preview |
Text
1-Balabanova-Finalna verzija-05-05-10.pdf Download (13MB) | Preview |
Abstract
Во магистерската работа се презентирани резултатите од извршените испитувања на атмосферското загадување во околината на рудникот и флотацијата за бакар „Бучим“ близу Радовиш, Р. Македонија. Изложеноста на рудничката и флотационата јаловина на воздух и влага доведува до појава на повисоки содржини на бакар и други тешки метали во околината. Применет е биомониторинг со мовови и лишаи, како и со примероци на прав од поткровни греди и седиментна прашина. Определувањето на содржините на елементите е вршено со примена на пламената и електротермичката атомската апсорпциона спектрометрија и атомска емисиона спектрометрија со индуктивно спрегната плазма. Добиените вредности за содржините на Cu покажуваат значително високи вредности во сите типови примероци земени од поблиската околина на рудникот Бучим. Вредностите на медијаната за содржината на Cu во примероците од мов од целата испитувана област (10 mg kg-1) е пониска од онаа за целата територија на Р. Македонија (22 mg kg-1), што укажува на тоа дека поширокиот регион не е засегнат од работата на рудникот. Вредностите за содржината на Cu во мовови земени во непосредната околина на рудникот и флотацијата (91 mg kg-1) со оние за содржината на бакар за Македонија, се добива фактор на зголемување од околу 5 пати. Слични резултати се добиени од сите типови на примероци од спроведениот мониторинг. Картите на депозиција само го потврдуваат фактот за влијанието на активностите во рудникот врз загадувањето на воздухот во блиската околина на рудникот.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Chemical sciences Natural sciences > Earth and related environmental sciences Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Biljana Balabanova |
Date Deposited: | 25 Nov 2014 14:07 |
Last Modified: | 25 Nov 2014 14:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11430 |
Actions (login required)
View Item |