Литогено и антропогено влијание на дистрибуцијата на различни хемиски елементи во почвите и воздухот во регионот на сливот на реката Брегалница

Balabanova, Biljana (2014) Литогено и антропогено влијание на дистрибуцијата на различни хемиски елементи во почвите и воздухот во регионот на сливот на реката Брегалница. PhD thesis, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

[thumbnail of Avtorezime-Balabanova-doktorska disertacija.pdf]
Preview
Text
Avtorezime-Balabanova-doktorska disertacija.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Во оваа докторска дисертација се презентирани резултатите од извршените испи¬ту¬вања за следење на дистрибуцијата и депозицијата на вкупно 69 елементи во вода, седименти, почва, воздух, храна и растителен материјал во подрачјето на сливот на реката Брегалница во истoчниот регион на Р. Македонија. Определувањето на содржините на елементите е вршено со примена на атомска емисиона спек¬тро¬мет¬рија со индуктивно спрегната плазма и масена спектрометрија со индук¬тив¬но спрегната плазма. Добие¬ни¬те вредности за содржините на одредени потенцијално токсични елементи покажуваат значително високи вредности во сите видови при¬ме¬ро¬ци ¬земени од поблиската околина на рудникот за бакар „Бучим” и рудниците за олово и цинк „Саса“ и „Злетово“. Основни литогени маркери кои се дистрибуираат со водaта на Брегалница се геохемиските асоцијации, F1: Ca-K-Mg-Na-Ba-Li-Mn-Sr-V и F2: Al-Fe и F3: Sb, со незначителна варијабилност по целото течение на реката. Во седиментите, геохемиската асоцијација As-W-Ba-Ag-Cu-Tl-Zn-Sb-Mo-In-Cd-Te-Bi-Pb, укажува на литогено обогатување во подрачјата на минералните Pb-Zn депозити („Саса“ и „Злетово“), кои најчесто се карактеризираат како антропогена дистрибуција. Испитувањата на почвите покажуваат литогена дистрибуција претставена со следниве фактори на распределба: F1 (Ti, Eu-Lu, Y, Fe, Sc, V, Nb, Co, La-Gd, Ga, Ge, Cu), F2 (Cu, Pb, Sb, Cd, Sn, Zn, Te), F3 (Rb, K, W, Ba, Ta, Tl), F4 (Zr, Hf, Br, Pd, Sr, As), F5 (Ni, Cr, Mg) и F6 (B, Na). Антропогената дистрибуција ја претставува факторот F2 (Cu, Pb, Sb, Cd, Sn, Zn, Te), каде во регионите на рудниците се опфатени 90-те перцентили од содржините на овие елементи. Дистрибуцијата на елементите во воздухот е следена во два вида на медиум (мов и поткровна прашина). Како доминантен литоген маркер се издвојува Al-Be-Co-Fe-Ga-Ge-Li-Mg-Sc-Ti-V-Y-(La-Gd)-(Eu-Lu), додека асоцијацијата на Ba-Bi-Cd-Pb-Sb-Zn е антропоген маркер за атмосферската дистрибуција во испитуваното подрачје. Испитуваните растителни видови (Petroselinum hortense, Rumex acetosa, Urtica dioica и Spinacia oleracea) покажуваат потенцијал за фитостабилизација на загадени обработливи почви со одредени токсични метали (Cd, Cu, Pb и Zn).

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Natural sciences > Chemical sciences
Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Balabanova
Date Deposited: 25 Nov 2014 14:05
Last Modified: 25 Nov 2014 14:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11429

Actions (login required)

View Item View Item