Taskov, Nako and Dimitrov, Nikola and Metodijeski, Dejan and Saneva, Dusica and Kolevska, Natasha and Nakovska, Julija (2014) Емпириско истражување за вреднување и одржливост на туристичко – гастрономските специфичности на Брегалничкиот регион. [Project] (Unpublished)
Text
ФТБЛ - Проект за Брегалничкиот регион, Empirical research for evaluation and ... Bregalnica river gerion, 2014-2015.doc Download (588kB) |
Abstract
Брегалничкиот - Источниот плански регион зафаќа површина од 3512,5 км2 или 13,7% (3539,1 км2) и во него според пописот од 2002 година живееле вкупно 305.930 население или 15,1%.
Во просторот на Брегалничкиот или источниот плански регион припаѓаат 12 општини: Берово, Виница, Делечво, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Свети Николе, Чешиново-Облешево и Штип, и во сите нив егзистираат 218 населби, од кои 9 градски и 211 селски населби.
Просторот изобилува со природни и антропогени вредности кои туристички и гастрономски не се целосно валоризирани. Одредени простори од регионот имаат свои специфичности не само во обичаите, фолклорот и традициите, туку и во гастрономските специјалитети на разни традиционални и сезонски јадења, специјалитети, производи на пијалаци, мед и слично.
Целта на проектот е преку нашето теренско истражување, анкети, сондажи, презентации и обуки да се утврдат руралните и урбаните туристички и гастрономски специфичностите на источниот плански регион. Се очекува да бидат идентификувани сличностите и разлики на разни гастрономски специјалитети меѓу одредени општини, микрорегиони, рурални и урбани населби. Да се издвојат одредени посебности кои можат да се презентираат и промовираат пред домашната и странската јавност како туристички и гастрономски атракции, манифестации и разни други содржина во функција на туризмот.
Резултатите од емпириското истражување ќе бидат статистички обработени, фотографски документирани и графички отпечатени. На крајот од емпириското истражување планирано е да се реализира јавна Туристичко – гастрономска изложба, како и отпечатување на тематски флаери, туристички водичи и слично.
Item Type: | Project |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | природа, традиција, гастрономија, регион, Брегалница, градови, села, туризам |
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Social and economic geography |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Nikola Dimitrov |
Date Deposited: | 27 Nov 2014 09:19 |
Last Modified: | 27 Nov 2014 09:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11423 |
Actions (login required)
View Item |