Mitrov, Nenad (2014) Рехабилитација на пациенти со синдром на горен екстремитет со методи на ТКМ. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Митров Ненад - Корегиран Специјалистички труд.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Според традиционалната кинеска медицина, човечкото тело е составено
од канали кои ги поврзуваат внатрешните органи и сите ткива на организмот,
со површината на кожата. Овие канали, односно меридијани, претставуваат
основа на ZANG FU теоријата, на која е заснована древната кинеска медицина.
Според овие верувања, во човечкото тело постојат 12 парни, симетрично
поставени меридијани кои кореспондираат со 12 висцерални органи, два
непарни меридијани, кои се протегаат по средишната линија на предната и
задната страна на телото и 6 вонредни меридијани кои немаат свои точки, туку
ги користат точките од претходните меридијани.
Како што низ крвните садови тече крв која физички го одржува телото,
така низ меридијаните течат главните електромагнетни струи на виталната Ki-
енергија, кои имаат различна брзина и интензитет. Шест струи во тие
меридијани течат со активна енергија-Yang, а другите шест имаат помалку
активна енергија- Yin.
Виталната Ki-енергија кружи низ организмот по строго одредени патеки и
во одреден ритам, така што секој орган или функција има максимум енергија
точно oдредено време во текот на 24 часа. Меридијаните се меѓусебно
поврзани по принципот Yin>Yang>Yang>Yin, а по тој принцип циркулира и
виталната Ki-енергија.
Клучни зборови: традиционална кинеска медицина, ТУИНА масажа,
акупресура, Ki-енергија, меридијани, БАТ – био активни точки, синдром на
горен екстремитет;
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 25 Nov 2014 10:27 |
Last Modified: | 25 Nov 2014 10:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11417 |
Actions (login required)
View Item |