Менаџирањето со човечките ресурси со акцент на нивното мотивирање за подигнување на перформансите во работењето во МВР

Gotak, Oktaj (2014) Менаџирањето со човечките ресурси со акцент на нивното мотивирање за подигнување на перформансите во работењето во МВР. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Magisterska- Oktaj Gotak -29.08.2014 Lektorirana.pdf]
Preview
Text
Magisterska- Oktaj Gotak -29.08.2014 Lektorirana.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Менаџирањето со човечките ресурси со акцент на нивното мотивирање за подигнување на перформансите во работењето во МВР
Менаџментот со човечки ресурси треба да биде базиран на комплет од процедури кои јасно ја истакнуваат филозофијата на организацијата кон своите вработени.
Трудот, ќе има за цел да отвори прашања кои што се поврзани со менаџирањето со човечките ресурси во организацијата, преку ставање на соодветен акцент на нивното мотивирање за подигнување на перформансите во работењето во Министерството за внатрешни работи. Влијанието на мотивирањето, врз постигнувањето на подобри перформанси во работењето, би требало да се покаже како многу важен елемент во деловното работење на секоја организација, а со тоа и на Министерството за внатрешни работи. За да може да се постигнат тие повисоки работни перформанси, несомнено е дека се потребни познавања и внесување во праксата на повеќе елементи со кои се занимава менаџментот, особено оној кој што се однесува на човечките ресурси.
Во трудот, посебно ќе биде ставен акцент на мотивираноста на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, со посебен осврт на оценувањето на перформансите на вработените за подобрување на нивната ефикасност и ефективност во работењето, како и за мерките кои треба да бидат преземени во иднина, за постигнување на посакуваните цели.
Клучни зборови: менаџмент, човечки ресурси, вработени, мотивација, процедури, перформанси, организации

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 25 Nov 2014 10:25
Last Modified: 25 Nov 2014 10:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11416

Actions (login required)

View Item View Item