Прилози за јужнословенските литератури

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2014) Прилози за јужнословенските литератури. In: Прилози за јужнословенските литератури. Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, Штип. ISBN 978-608-244-011-8

[thumbnail of Prilozi za junoznoslovenskite literaturi-Univerzitetski Ucebnik.pdf]
Preview
Text
Prilozi za junoznoslovenskite literaturi-Univerzitetski Ucebnik.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Универзитетскиот учебник „Прилози за јужнословенските литератури“ е наменет за студентите кои ги слушаат предметите Јужнословенски книжевности 1, 2, 3 и 4 (српска, хрватска, словенечка и бугарска) во петтиот, шестиот, седмиот и осмиот семестар за студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учебникот брои 105 стр. во А4 формат, а содржи вкупно 11 обемни прилози, од кои четири се за содржини од српската, четири за хрватската, еден за словенечката, еден за бугарската книжевност и уште еден прилог што претставува компаративен приказ на балканскиот менталитет преку три текста (литературни дела) од македонската, српската и хрватската литература.
Сите прилозите се работени според даден теориски модел, однапред дефиниран, така што по таков начин се нуди темелен увид не само во едно литературно дело на еден автор туку и во севкупниот негов опус. За анализа се одбрани репрезентативни автори и нивни дела од корпусот јужнословенски литератури.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 25 Nov 2014 08:55
Last Modified: 04 Aug 2015 13:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11401

Actions (login required)

View Item View Item