Miceski, Trajko and Stojovska, Natasa (2014) Харизматичното лидерство како извор на конкурентска предност. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 6. pp. 7-17. ISSN 1857- 7628
Preview |
Text
T.Miceski,N.Stojovska-GZ-2014.pdf Download (6MB) | Preview |
Abstract
Денес глобалните услови за деловно работење на претпријатијата,изразени преку силна и немилосрдна конкуренција, променливо потрошувачко однесување, технолошки, информатички и комуникациски напредок, ја отежнуваат пазарната борба на претпријатијата.
Во вакви тешки услови за деловно работење, видливите ресурси
(финансиски, физички и организациски) сè повеќе го губат приматот во однос на невидливите (човечки ресурси, иновации, репутација). Меѓу невидливите ресурси, пак, човечките ресурси стануваат сè позначајни за
опстанокот, растот и развојот на претпријатијата.
За да бидат главен извор на конкурентска предност, човечките
ресурси треба проактивно да се менаџираат. Ова укажува на потребата од постоење на лидер со харизма, знаење, вештини и способности за правилно водење на вработените по патот на остварување на поставената мисија, визија и цели. Во овој поглед, харизматичниот лидер е личноста која влијае, ги инспирира, мотивира и влева доверба меѓу вработените.
Благодарение на карактеристиките според кои тој се разликува од останатите лидери, харизматичниот лидер е клучниот фактор за деловниот успех на претпријатието.
Клучни зборови: лидер, харизма, конкурентска предност,
претпријатие.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Natasa Stojovska |
Date Deposited: | 19 Nov 2014 10:39 |
Last Modified: | 19 Nov 2014 10:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11358 |
Actions (login required)
View Item |