Stoeva, Dragana (2014) Постурален статус кај учениците од I до VIII одделение во Општина Струмица. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
--2--2~1.PDF Download (1MB) | Preview |
Abstract
Постуралниот статус претставува усогласување на телото како битен фактор во превенцијата на деформитетите на ’рбетниoт столб кај човекот. Деформитетите на коскениот систем кај децата од училишната возраст се честа појава во текот на растот и развојот, бидејќи растот на коските во должина не е секогаш синхронизиран со порастот на силата и издржливоста на скелетните мускули.
Најчесто настануваат како последица на неправилно држење на телото, неправилно седење, одење, намалена физичка активност, исхраната кај децата, нарушување во метаболизмот, особено на Ca и витаминот D, последици нанесени од веќе прележани болести, како што се рахитот, полиомиелит, гноен плеврит и низа други фактори.
Од тие причини кај децата од шестгодишна до четиринаесетгодишна возраст т.е. школска возраст на децата се прават систематски прегледи заради навремено откривање на вродени и стекнати аномалии. Систематските прегледи се вршат во специјални установи на секои две години и опфаќаат повеќе специјалистички прегледи меѓу кои и прегледот за лошото држење на телото и телесните деформитети.
За да се утврдат отстапувањата на телото од нормалните вредности во практика се користат две групи методи и тоа: субјективни и објективни. Покрај раното откривање и елиминирање на ризик-факторите, со превенција и корекција на неправилното држење на телото се започнува што е можно порано.
5
Кинезитерапијата е една од најважните мерки во процесот на потполното функционално враќање на единката, по оштетувања, повреди и некои други заболувања на организмот кои довеле до нарушување. Се користи со цел целосно или делумно воспоставување на оштетените или изгубените функции или, пак, да ги поттикне и развие сите преостанати функции и компензаторни механизми на организмот. Само добро одбрана и во потполност применета кинезитераписка програма на вежби дава можност деформитетот да се запре и коригира делумно или во потполност. Корективната гимнастика зазема голема улога во рехабилитацијата на постуралните деформитети кај децата. Се користи превентивно кај децата кои имаат предиспозиција за развој на постурален деформитет или терапија, ако тие веќе постојат.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 13 Nov 2014 13:44 |
Last Modified: | 13 Nov 2014 13:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11328 |
Actions (login required)
View Item |