Spaskovska, Elica (2014) Дискус хернија како причина за појава на лумбоишиалгијата во периодот од 1.4.2012 до 31.7.2012 во град Скопје. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.
Text
специјалистички труд.doc Download (4MB) |
Abstract
Дискус хернија е болест на ’рбетниот столб, кој е резултат на пролапс (хернијација) и желатин пенетрација во јадрото на интервертебралните дискови foraminal отвори (foramina intervertebrales латински).
Дискус хернијата преставува пролапс (навлегување) на јадрото на меѓупрешленските дискуси во спиналниот канал. Најчесто се јавува помеѓу 35 и 40 години, поретко подоцна, а порано се јавува заради некоја повреда. Болеста е почеста кај мажите. Во 95 % се јавува помеѓу 4. и 5. лумбален прешлен или помеѓу 5. лумбален или 1. сакрален пршлен. Дискус хернијата врши притисок на коренот на подлежечкиот спинален нерв кој доведува до оток со воспаление и деминерализација на зафатениот нерв.
Клиничката слика се манифестира како:
- Лумбалгија и
- Лумбална радикулопатија (Лумбоишиалгија).
Лумбалгијата (акутна или хронична) се карактеризира со силна болка во лумбосакралниот предел. Болката е почесто едностарана, проследена со спазам (напнатост) на мускулатурата на таа страна. Движењата се ограничени и болни. Веднаш или брзо по појавата на акутната болка доаѓа до спуштање на болката низ должината на ногата (лумбална радикулопатија), трнење, а при поголема хернијација и до парези и парализи на мускулите интервирани од нервот.
Дијагноза се поставува врз основа на клиничката слика, физикален преглед, РТГ-наод, компјутеризирана томографија, магнетна резонанса, електромиографија.
Клучни зборови: дискус хернија, лумбоишијалгија, лумбалгија
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 12 Nov 2014 11:20 |
Last Modified: | 12 Nov 2014 11:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11304 |
Actions (login required)
View Item |