Mladenoski, Ranko (2005) Сублимиран книжевно-историски преглед. Портал, 6 (13-14). pp. 113-115. ISSN 1409-9713
Preview |
Text
Ranko Mladenoski za Moja zemja od Drugovac Stojanovska.pdf Download (17MB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува рецензија за книгата со наслов „Моја земја“ од авторката Јованка Стојановска–Друговац во издание на Институтот за македонска литература во Скопје. Во трудот се нагласува дека оваа книга на Стојановска–Друговац е селективен и сублимиран преглед на дејноста на македонските културни дејци во еден подолг период – од 1861 година па сè до крајот на 20 век. Тоа значи дека во оваа книга се елаборираат во еден сублимиран вид значајни имиња и дела од македонската книжевност во период од околу 140 години почнувајќи од книгата над книгите во македонската литература – Зборникот на Миладиновци, а завршувајќи со библиографскиот податок за текстот од Миодраг Друговац со наслов „Фрагменти за Матеја Ненадовиќ“ објавен во „Спектар“ во 2000 година. Дека во оваа книга навистина се обработуваат дела од значајни македонски автори, може да се покаже само со неколку примери – браќата Миладиновци, Ѓорѓија Пулевски, Партенија Зографски, Крсте Петков - Мисирков, Војдан Чернодрински, Ристо Крле, Антон Панов, Кочо Рацин, Димитар Митрев, Блаже Конески и многу други. Затоа, во заклучокот на овој осврт се потенцира дека книгата „Моја земја“ од Јованка Стојановска–Друговац е вреден прилог кон проучувањето на континуираниот развој на македонската литература.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 04 Nov 2014 12:26 |
Last Modified: | 04 Nov 2014 12:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11237 |
Actions (login required)
View Item |